0 02 05 DirektorПочитувани вработени, корисници на нашите услуги и драги пријатели,

На 17 јануари 2022 година дојдов на чело на АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје. Година која беше тешка за сите нас како поединци и како држава. Кога се доаѓа на чело на една институција, освен што е привилегија, уште повеќе е предизвик да се решаат проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Ние дел од нашите проблеми успешно ги надминавме и сме на пат да ги решиме и останатите.

Во услови на финансиска и енергетска криза, со енормно зголемување на трошоците за работа и одржување, со гордост можам да кажам дека за АД Водостопанство, 2022 беше многу успешна работна година. Година, во која навремено беа наводнети повеќе од 18 000 хектари земјоделски површини, што е рекордна и за нас многу задоволителна бројка споредувајќи со минатите години, особено со 2021, која беше многу сушна година и земјоделците имаа потреба од зголемено наводнување.

Сето ова ни дава за право со оптимизам да влеземе во 2023 година и да очекуваме дека оваа бројка ќе биде уште поголема, а годината ќе биде поуспешна за сите нас од АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје.

Со верба во нашата работа и посветеност на задачите кои ни се доверени, ние очекуваме 2023 година да биде година на проекти, инвестиции и просперитет на нашето претпријатие.

Затоа оваа моја честитка нека биде почеток на една успешна, среќна, бериќетна и полна со здравје и сплотеност 2023 година.