Во периодот од 01.04.2022 до 11.04.2022 година AД Водостопанство на РСМ Подружница Свети Николе продoлжи со редовното одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на рачно и машинско чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински е исчистена земјена каналска мрежа за наводнување со должина од 5200 метри, а рачно од околу 1000 метри. Истовремено во подружницата Свети Никола се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период заменети се 2 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф250  во аватарот на село Црнилиште исто така во атарот на село Мустафино се сервисирани 3 вентила, во атарот на село Црнилиште 2 вентила и 1 вентил во атарот на село Крупиште.