Денес, Главниот извршен директор на Водостопанство, г.Локман Љимани беше во работна посета на Подружница Кумановско-Липковско Поле – Куманово. Раководителот на подружницата, г.Оливер Илиевски го запозна со текот на работата на подружницата, а разговараа и за проблемите околу наводнувањето. На работната посета се анализираше и потребата од интервенција на браните Липково и Глажња.