Краток опис на дејноста на ХМС на АД Водостопанство на РМ-Скопје,Подружница Тетово

Подрачјето на дејствување на АД Водостопанство на РМ-Скопје,Подружница Тетово е географско подрачје кое опфаќа површини и корисници во атарите на општините Тетово, Брвеница, Желино, Теарце и Јегуновце.

Во Подружница Тетово ,основна дејност е наводнувањето на земјоделски површини,а дополнителни дејности се : менаџирањесо речните корита, контрола на исрпување на речен песок и чакал, пратење на свлечиштата и др.

Наводнувањето во Подружница Тетово-Тетово е организирано преку Магистралните канали :
-,,Радиовце –Бистрица’’ со зафат на вода од реката Вардар со капацитет 7,8/сек. и должина на каналот од 26,2 км и
-Таканаречените ,,Стари системи’’ , кои користат вода за наводнување од масивот на Шар Планина.
-Акумулација во с.Вратница, општина Јегуновце, која се користи за наводнување на земјоделско земјиште од кое поголемиот дел се лозови насади

Picture1

Зафат на река Вардар во село Радиовце-Брвеница,со капацитет од 7.8 м3/с, со бетонска брана на река Вардар.

 

 Picture2


Акумулација ,,Вратничко езеро’’ во с.Вратница-општина Јегуновце која се користи за наводнување на лозја,а претежно се користи за спорт и рекреација,посебно за риболов,со капацитет од 410 000 м3 вода.