Подружница Кумановско-Липковско Поле

Биографија на Директор на АД Водостопанство Кумановско-липковско поле

Подружница Кумановско-Липковско Поле, Куманово врши економично стопанисување, користење, одржување и контрола на системите на подрачјето на дејствување заради снабдување со вода за наводнување на земјоделско земјиште, снабдување со вода на комуналните претпријатија за водоснабдување со вода за пиење и други потреби, снабдување со вода за индустриски и технолошки потреби, производство на електрична енергија и одржување на водостопански објекти и постројки за заштита од поплави, регулација на реки и заштита од ерозија.

Подружницата стопанисува со браните Глажња, Отошница, Калин Камен и Влашки Колиби. Намена на хидросистемот Глажња-Липково е наводнување, водоснабдување на град Куманово и околните населби, снабдување со техничка вода на индустриските капацитети и производство на електрична енергија. Напоменуваме дека ХЕЦ Глажња и ХЕЦ Липково не се во функција поради оштетувања предизвикани од конфликтот во 2001 година. Исто така Подружницата стопанисува и со систем за наводнување Липково и мали системи за наводнување Довезенце-Јачинце-Клечовце и Шупли Камен-Зубовце. Системот Шупли Камен-Зубовце не е во функција.

 

kumanovo1 fit 320x240