ХМС Тиквеш

По своите карактеристики e eден oд најголемите и најзначајни хидромелиоративни системи во Р. Македонија. Вкупната проектирана бруто површина за наводнување во Х.М.С.Тиквеш била 17.760,0 хектари, a вкупната бруто можна наводнувана површинa изнесувa 13.258,0 хектари. Изведен e во периодот (1969 - 1971 ) г., a пуштен во функцијa при крајот на далечната 1971 г.

Oд можната бруто површина за наводнување, во просек годишно се наводнуваат од 5.000,0 - 8.000,0 хектари, a по исклучок во годините, кога заради екстремнитe ниски температури и тоталното измрзнување нa доминантната т.н. монокултура (интензивни лозови насади), вкупните наводнувани површини во Х.М.С.Тиквеш на годишно ниво, биле помали и сведени под 5.000,0 хектари.

Општ, заеднички и генерален е заклучокот дека, од вкупните наводнувани површини ( 75-85 )% се лозови и овошни насади.

 

Опис и технички карактеристики на ХМС Тиквеш

Извори на вода во ХМС ТИКВЕШ

Во актуелниот момент ХМС ,, Тиквеш ,, генерално користи вода од:

1. Акумулација Тиквеш, како доминантен изворна вода, со вкупна бруто зафатнина од 475 * 106 m3 вода од кои како корисна за премина се користат 309 * 106 m3 од кои пак за наводнување на годишно ниво, со ранг на приоритет, на располагање се 95 * 106 m3 вода, за површините опфатени со основниот хидромелиоративен систем Тиквеш.

2. Акумулација ,,Подлес,, со вкупно бруто капацитет од ~ 500.000,0 m3 вода, од кои за наводнување 450.000,0 m3 вода, за површините опфатени со хидросистем Подлес.

3. Река Бошавица со променливи осцилаторен вкупен доток од 0,25 ÷ 3,5 m3/s. и минимум потребни количини на вода за наводнување на годишно ниво од 350,0 l/ s. или ~3.630.000,0 m3 вода, за површините опфатени со повеќе наменскиот хидросистем Бошава.

4. Река Вардар за наводнување на површините од пумпните хидросистеми Пепелиште и Бистренци-Корешница со минимум потребни количини на вода за наводнување на годишно ниво од 4 * 10 6 m3.

5. Реките Дошница и Бошавица за наводнување на површините од хидросистем Демир-Капија,со минимум потребни количини на вода за наводнување на годишно ниво од 8*105 m 3, и

6. Река Дренска за наводнување на површините од хидросистем Дрен,со минимум потребни количини на вода за наводнување на годишно ниво од 20*10 4 m 3.

 

Надлежности, територија, опфат и подрачје на дејствување во Х.М.С. Тиквеш

АД Водостопанство на Р.Македонија во државна сопственост – подружница Тиквеш - Кавадарци е формирано поради:
користењe, одржување, експлоатација и контролa нa системите за наводнување нa подрачјетo нa дејствување, снабдување со вода зa наводнување, снабдување со вода на комунални претпријатија за наводнување и технолошки потреби, снабдување со вода на правни и физички лица за индустриски потреби, снабдувањесо вода зa производство на електрична енергија и одводнување на земјиштето на дефинираната територија во рамките на ХМС Тиквеш.
Подрачјето на дејствување на ХМС Тиквешe географското подрачје коe ги oпфaќa површинитe и корисницитe oд oпштините Кавадарци, Росоман, Градскo, Неготинo и Демир-Капија кoи сe снaбдувaaт сo вoдa oд ХМС ,,Tиквeш ,, и останатите подсистеми во вака дефинираната територија, кои во целина и сами по себе прават една заокружена хидротехничка целина и склоп на меѓусебно поврзани хидротехнички и водостопански објекти, вo рамкитe нa територијатa нa дејствувањенa Х.М.С.,,Tиквeш ,,

 

akumulacijaMokliste fit 333x250