Подружница Битолско Поле - Битола

Предмет:Краток опис за подружница Битолско Поле - Битола

Подрачјето на дејствување на подружницата “Битолско Поле”-Битола е географското подрачје кое опфаќа површини од општините Битола,Могила,Новаци и Демир Хисар. Подружницата “Битолско Поле”-Битола го стопанисува, користи и одржува системот за одводнување Пелагонија–Битолски дел со површина од 27.000 Хектари и водостопанските објекти: II, III,IV,V,IX,X и XIII одводен канал, ободни одводни канали Агларци, Логовардски, Ивањевци, Добрушево, ГОК Чарлија, Канал Новаци, канал одводен старо течение на Р.Црна,одводен канал низ с.Новаци и другите водостопански објекти кои се составен дел на системот за одводнување, вклучувајќи ги уредните корита на Црна река, Елешка река, река Шемница и река Драгор(низводно од градот Битола) и другите уредени водотоци и порои кои се во состав на системот за одводнување ,,Пелагонија–Битолски дел”.

 

 bitola1 fit 531x250