Во изминатиот период се изведуваше интезивно чистење на одводната каналска и речна мрежа во ХМС Пелагонија – Битолскиот дел, со чистење на река Шемница во Општина Могила со градежната машина Volvo EC 220 EL.
Во месец октомври, тековно се чистеа и одводните канали во близина на селата Велушина, Лера, Дихово, Буково, Долно Оризари (Општина Битола), чистење на одводни канали во с.Гнеотино (Општина Новаци) во вкупна должина од 5200 метри.
Во тековната 2021 година во Подружница „Битолско Поле “- Битола до 01.11.2021 година, исчистени се одводни канали и речна каналска мрежа во вкупна должина од 95800 метри.

 

1

2

Фотографии од чистење на река Шемница во Општина Могила

3

54

Фотографии од чистење во с.Долно Оризари и с.Велушина Општина Битола