АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

sn22

Драги вработени, корисници на нашите услуги и драги пријатели, Ви ја честитам Новата 2022 година!

Минатата година беше година полна со предизвици и тешка за сите нас како поединци и како држава. Но проблемите постојат за да се решаваат. Ние нашите проблеми или успешно ги решивме или сме на пат да ги решиме.

Тоа ни дава за право со оптимизам да влеземе во 2022 година и да очекуваме дека оваа година ќе биде уште поуспешна за сите нас од АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје.

Со верба во нашата работа и посветеност на задачите кои ни се доверени, ние очекуваме работна и ефикасна 2022 година.

Затоа оваа моја честитка нека биде почеток на една успешна, среќна, бериќетна и полна со здравје и сплотеност 2022 година.

Ако веруваме во себе и во нашата работа на крајот од 2022 година ќе можеме со задоволство да констатираме дека нашите желби и очекувања се остварени.

Среќна Нова Година!

Со почит,
Васко Стефанов
Главен извршен директор

 Во месеците ноември и декември во Подружница Јужен Вардар – Гевгелија е работено според годишниот план за 2021 година и при тоа се извршени следните теренски активности :

1.ХМС Валандово
- оджување Удово Валандово реконстроиран систем

1234

Повеќе...

Во Подружница Брегалница-Кочани во периодот од 15.11.2021 година до 15.12.2021 година во делницата Оризарско Поле водарите работеа на чистење на дел од бетонските канали ГК-3 и ГК-4 од покрупна вегетација, се со цел за нормално функционирање и обезбедување на нормален проток на водата, додека наталожениот нанос на земја ќе биде исчистен машински во претстојниот период.

Со чистењето на вегетацијата се откриваат оштетените места на каналот кои ќе бидат санирани на пролет, односно кога ќе има поволни временски услови.

Се вршеше и постојана контрола на водите на реките Брегалница,Осојница и Зрновска река, а кога временските услови не дозволуваа да се работи на терен водокорисниците вршеа достава на фактурите за воден надомест.

 

 

Во месец Ноември 2021 година е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, а исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма, се со цел нормално функционирање на истата. На територијата на делување на Подружница Скопско Поле- Скопје, во месец ноември машински се исчистени околу десет илјади метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Канал А во Општина Илинден со должина од 2800 метри.
Во период од 04.11.2021 година до 25.11.2021 година е исчистен канал А во должина од 2800 метри. Каналот се чистеше машински со мал багер Janmar. Каналот беше обраснет со вегетација и шут. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

12

Повеќе...

АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Тиквеш - Кавадарци и оваа година во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за претстојната наводнувачка сезона во 2022 година.

Вработените во подружницата започнаа со кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работи и на чистење на каналите од нанос, рачно или машински, во зависност од теренските услови.

Истовремено, покрај одржувањето на отворената каналска мрежа, се работи и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цефководи.

Повеќе...

NaslovnaАкционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје денес стана членка на ИСРСМ и ИСРСМ ТК 9-Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици и ТК 17- Квалитет на воздух и вода.

Потреба за водата како составен дел за животот и здравјето на луѓето како и потребата во земјоделието, се основните приоритети на ова претпријатие, чија основна дејност е користење, одржување и стопанисување со системите за наводнување и одводнување во целина, снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода за водоснабдување, за консумирање од страна на човекот, вода за пиење и други потреби, снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, уредување на речни корита, одводнување на земјиште и одведување на испуштени води.

Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, г-дин Васко Стефанов и директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара потпишаа нивна пристапница во Институт за стандардизација со што даваат свој допринос и заложба за квалитетна и здрава животна средина.

АД „Водостопанство на РСМ“, подружница Црн Дрим - Охрид во текот на месец август започна со чистење односно репарирање на Главен струшки канал во место викано Вишенско блато, Кп бр. 2826/1 Ко Мислешево, во должина од околу 1км. Овој канал не беше исчистен повеќе од 35 години.
Чистењето на овој канал е од големо значење за населбата Мислешевски пат, како и за градот Струга поради заштита од поплави. Со неговата целосна обнова односно репарација може да собере и до 0,5 милиони м3 вода.
Покрај чистењето се работи и на нивелација на каналот каде што има поставено бетонски цефки со несоодветни профили поставени на несоодветна длабочина.
Подружница Црн Дрим продолжува со чистење на Струшкиот одводен канал во урабна средина КП 2825/1.

 

 

Во врска со изнесеното соопштение и дадената изјава од страна на претседателот на здружението ,,Напредни лозари,, Трајче Кулев до медиумите, АД Водостопанство на РСМ – Скопје го издава следниот демант по однос на истото.
Поголем дел од изнесените наводи во изјавата на претседателот на здружението “Напредни лозари” се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба во однос на работењето на АД Водостопанство за тековната сезона за наводнување.
Дадената изјава се однесува поконкретно за Тиквешкиот регион кој е во надлежност на нашата подружница Тиквеш во Кавадарци. Имено во подружницата Тиквеш од почетокот на сезоната за наводнување од 16.04 2021 година постојано се врши редовно и континуирано снабдување со вода за сите категории на водокорисници, освен во краток временски период кога се изврши неопходното редовно чистење на отворената каналска мрежа и санација на настанат дефект.
Заклучно до денес подружницата Тиквеш- Кавадарци има испорачано 65.000.000 m3 вода за потребите на водокорисниците и земјоделците на целата територија на нејзиното подрачје на дејствување.
Поради долготрајните екстремно високи температури и сушата, потрошувачката на вода енормно се зголеми и значително ги надмина капацитетите на хидросистемите и постројките за наводнување.
АД Водостопанство во текот на целиот период од сезоната за наводнување ги презема сите неопходни мерки и ги стави во функција сите моментално расположливи капацитети и ресурси за континуирано снабдување со вода на земјоделските површини опфатени со хидросистемите за наводнување.
На поедини делови од ХМС Тиквеш се појавија одредени проблеми како резултат на намалената количина и недоволен доток на вода од реките и микро акумулациите во системите за наводнување, поради што не постои можност за испорака на вода до одредени земјоделски површини и култури, како што е случајот со каналите за наводнување К-1 и К-2 од ХС Бошава.
Сепак и покрај високите температури и сушата, подружница Тиквеш континуирано испорачува количина на вода од 12,50 m3/sek за потребите на наводнувањето.
Во такви екстремни услови на севкупно зголемена потрошувачка на вода се применуваат посебни мерки со мобилност на сите расположливи капацитети со цел снабдување со вода за наводнување на целата територија на ХМС Тиквеш.
Во делот на дадената изјава за наводнување на паркови и зеленило потенцираме дека наводнувањето, одржувањето и користењето на парковите и зеленилата во град Кавадарци се во надлежност на ЈП Комуналец Кавадарци. АД Водостопанство нема надлежност врз наводнувањето на наведените паркови и зеленила.
Дадената изјава на претседателот на здружението “Напредни Лозари “Трајче Кулев е некоректна и не води кон градење на взаемна доверба, заедничка соработка и реализирање на јавниот интерес на сите корисници на вода.

АД Водостопанство на РСМ-Скопје

На ден 25.06.2021 година во 13,00 часот на Беровско езеро беше поставен уред за мерење на проточни количини на питка вода за град Берово.
Акционерско друштво Водостпанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, Подружница Берово-Берово, ја подржува кампањата на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип и ИКС со тоа што овозможува услови за мониторинг на квалитетот на водата од Беровско езеро. Со помош на автономен примерок за површинска вода ќе се врши 15 дневен континуиран мониторинг на квалитетот на водата од Акомулацијата со која ние стопанисуваме.
АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје Подружница Берово-Берово дава отворена поддршка за соработка со научни институции, а со цел постојано и континуирано следење на квалитеот на водата за пиење што ја добиваат граѓаните на Берово од акумулација Ратево.
АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово ќе продолжи со активности кои имаат за цел следење на квалитетот на водата за пиење во интерес на подобар и поквалитетен живот на граѓаните на Берово.

Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, Подружница Кумнаовско-Липковско поле – Куманово изврши чистење на дрвната маса и други материјали од речното корито на река Пчиња, со што се овозможи слободен проток на реката и оневозможување на излевање.

 

Во периодот од 17.05.2021 до 21.05.2021 година, АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница „Берово“-Берово продолжи со чистење на отворена каналска мрежа во Општина Делчево, односно во село Тработивиште од тревна вегетација и непречено беше пуштена вода во истите.  Меѓу другото беше направена санација на бентовите ( зафати на река Желевица и река Брегалница ).

Во изминатиот период на територијата на дејствување на Подружница Свети Николе е завршена сеидбата на оризовата култура. За наводнување на оризовите полиња се изврши зафаќање на проточните води од река Злетовска и по неклолку дена се пушти вода од Десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница. Оваа година се посeани некаде околу 620 хектари со оризова култура. Од 15.05.2021 година почна да се врши испорака на вода за наводнување и во останатиот дел од хидросостемот. Започнаа да се наводнувата површините засеани со луцерка, пченка вишновите насади и др.

Исто така се работи и на санација и одржување на затворениот систем за наводнување каде во изминативе две седмици се изврши замена и вградување на 4 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф400 и 3 репаратурни спојници, 2 жибо спојници, 1 PGS 400 B, PVC цевка Ф 400 и вентил Ф200.

Повеќе...

Во периодот од 29.04.2021 до 13.05.2021 година Подружницата Црн Дрим - Охрид вршеше машинско чистење на каналите во Општина Дебарца и Општина Кичево, а на места каде багерот не можеше да пристапи, се чистеше рачно.
Општина Дебарца
ХМС Мешеиште
Машинско чистење на главните разводни канали во места викани Пелјор, Паловител, Брестон, Пишко орешка

1234

Повеќе...

Во првата половина од месец мај во подружница „Гостивар“ - Гостивар се извршуваа низа на теренски активности. Машински се чистеше во атарот на с.Тумчевиште, на дел од атарот на с.Форино, општина Гостивар, како и во атарот на с.Добридол, општина Врапчиште.
Во с.Тумчевиште околу три илјади метри беа отворен поток од Врапчишка Река, дел од Река Дебрешница, по која доколку не е исчистена лесно настануваат поплави по атарите на с.Тумчевиште, Форино и Чегране. Во овој поток најпрво рачно, со моторна пила, беа исечени дрвјата за да се исчисти теренот и да стане прооден, за багерот да може непречено да работи.
Во истиот атар е изваден Вентил со цел негово санирање и користење за време на наводнителната сезона, а отворени се и главните и споредните земјени канали за наводнување во истите атари.
Поради запушување на главниот канал Здуње-Пирок во делот од атарот на с.Неготино, вработените во Подружница Гостивар-Гостивар интервенираа во Река Маздрача за да се ослободи каналската мрежа и да има нормален проток на вода. Секојдневно рачно се работи и на Таложниците Галате и Добридол.

Повеќе...

1Сеидбената кампања оваа пролет ќе се реализира за десетина дена порано од вообичаено, што е одличен предуслов за успешна вегетација  и порана жетва на есен. Ефикасноста во сеидбата се должеше на навремените подготовки и оптималните количини вода кои се дистрибуираат до водокорисниците.

За дури десетина дена порано од лани целосно ќе се реализира сеидбата на оризот во производствениот регион планирана на 4.200 хектари.

Брзата и ефикасна сеидба ја овозможи  квалитетното наводнување од Хидросистемот Брегалница и навремената подготвеност на вадите, деталната, главната и магистралната каналска мрежа, кои овозможија дистрибуција на вода до сите водокорисници.

Преостанатите десетина проценти непосеани површини се во атарите на селата Спанчево и Соколарци,кои традиционално се сеат меѓу последните.

Од Акумулацијата Калиманци,каде има над 110 милиони кубици вода, се испуштаат по 9м³ во секунда,што ги задоволува потребите за наводнување во овој период од сезоната. Добра вест е што пролетва максимално беа искористени протечните води од реките, што овозможи значителна заштеда на акумулираните резерви.

Земјоделските стручњаци ја  оценуваат сеидбата како мошне ефикасна и квалитетна, меѓу другото и поради поволните временски услови, кои овозможуваат успешно поникнување и вегетација на оризовата култура. Тоа значи дека кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе започне фазата на заштита на посевите од плевели, која е мошне значајна за добивање  поголемо и поквалитетно производство.

6Подружница Тивеш – Кавадарци продолжува со пуштање на водата за наводнување во Тиквешкиот регион, со што се овозможува непречено наводнување на земјоделските површини во текот на претстојниот период.
На 11-ти мај беше пуштена водата во Левиот магистрален канал по целата негова должина и во делничните линии, како и во системите за технолошка вода на селата Росоман и Градско.
На 14-ти мај е пуштена водата во К-1 при ХС Бошава со 10 делнични линии.
На 15.05.2021 година е пуштена водата во ХС Бистренци-Корешница,
а на 16.05.2021 година е пуштена водата во ХС Пепелиште.

Повеќе...

Според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, во месец април 2021 година, машински се исчистени 5650 метри и рачно 250метри односно вкупно 5900 метри каналска мрежа за одводнување и тоа :

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Огњанечки канал во должина од 600 метри.

Во период од 02.04.2021 година до 05.04.2021 година за два работни дена машински се доисчитени 600 метри каналска мрежа за одводнување која беше обрастена со вегетација. Каналот се чистеше со багер Liebherr 916. Останува околу 300 метри од овој канал кој ќе се доисчити во месец мај. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

Повеќе...

Подружница ,,Радовишко Поле’’ - Радовиш заклучно со 10.05.2021година има завршено низа на активности меѓу кои:
Целосно е завршено прочистувањето на отворената каналска мрежа од земјен нанос и обрасната забастена трева како на десниот така и на левиот отворен канал со вкупна должина од 29 км.
Извршено е контрола и утврдување на фактичката состојба на делничните цевководи на РВ1 од десна страна, на делничните цевководи ДВ3 и ДВ4 од РВ2, СВ6, делничните цевководи од РВ1 втора фаза од лева страна.
Согласно динамиката за работа пуштена е вода за наводнување на ДВ7 и ДВ8 од десна страна во с.Ињево и од лева страна пуштена е вода на СВ6 во Радовиш. Согласно планот на подружницата, до отпочнување на сезоната за наводнување, на 15 мај да бидат оспособени и пуштени и другите линии од ДКМ (детална каналска мрежа).

Повеќе...

Во периодот од 26.04.2021 до 29.04.2021 година АД „Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Берово-Берово продолжи со чистење од тревна вегетација на Тиролски зафат од река Брегалница.  Меѓу другото се исчисти и наносен материјал ( тиња ) во мини базентот кој се наоѓа помеѓу цефководот од зафатот ( цементно азбезна цевка ) и отворениот земјен канал.

 1234

Повеќе...

1Главниот извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Васко Стефанов, заедно со заменикот министер во МЗШВ Трајан Димковски, Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев и одговорните лица од подружница Брегалница - Кочани, во сабота на 08.05.2021 година извршија увид во системите за наводнување во Брегалничкиот регион, каде во ек е сеидбата на ориз.

Повеќе...

7Од страна на подружница Тиквеш – Кавадарци, на ден 05.05.2021 година, пуштена е водата и во групниот отворен канал за наводнување ГК-2, кој е со должина од околу 11км.

Со тоа, овозможена е и дистрибуција на вода во делничните цевоводи од овој канал, за наводнување на земјоделските површини во атарите на селата Рибарци, Росоман, Паликура и Курија, како и за снабдување со технолошка вода на селата Паликура и Курија.

 На ден 07.05.2021 година пуштена е водата и во:

1. Десен магистрален канал

- на делница од сифон Марена до разделна Виларов (должина од 6700м)

- на делница од разделна Виларов кон Тремник (должина од 5000м) со делничните цевоводи

2. Групниот канал К-37 по целата должина од 11.600м и делничните линии

и технолошката вода за ЈП Комуналец - Неготино.

Повеќе...

Во периодот од 12.04.2021 до 29.04.2021 година во рамки на делокругот на работа на подружужница Црн Дрим од Охрид, се вршеше рачно чистење на каналската мрежа за наводнување во село Велмеј, општина Дебарца и се санираше дефект на еродиран канал, кај таложницата,пред почеток на цефковод во село Косел, општина Охрид.

1234

Повеќе...

Согласно годишната програма на Подружница Тетово-Тетово за припрема на Хидромелиоративните системите за наводнување за 2021 год. во месец април беа исчистени машински и рачно 13690 м. земјена и бетонска каналска мрежа и тоа:

Во период од 01.04.2021 год. до 12.04.2021год., рачно и машински  се  исчистија четири бетонски канали како и поголемиот дел од земјените бразди, обраснати со вегетација, дрва и наносен материјал, во должина од 5970 метри во атарите на с.Милетно, општина Брвеница.

Повеќе...

5Од страна на Подружница Брегалница-Кочани во период од 26.04.2021 до почетокот на месец мај се продолжи со тековното одржување на системот за наводнување.
Се вршеа редовни контроли и регулација на нивото на водата на реките Брегалница,Осојница, и Зрновска Река.
Рачно се чистеа вадите и јазевите во општина Зрновци и интезивно наводнување на површините засеани со праз.
Се правеше припрема на кампади за бетонирање, зафаќање бент на Река Масалница во мв.Слатина, се вршеше чистење на каналетка на Стара Масалница, а се чистеше и главниот канал.
Од страна на одговорните лица беше пуштена вода во мв.Бел Камен и мв.Средна Вада.
Според предвидениот план на подружницата, делот од системот за наводнување е комплетно ставен во функција.

Повеќе...

4Подружница „Свети Николе“ – Свети Николе во среда, на 06.05.2021 година, започнува со сезоната за наводнување. Најпрво водата ке биде пуштена од Десниот магистрален канал на Хидросистемот Брегалница, од испусните места ГК-13 И ГК-14, а проточните води од река Злетовска ќе бидат пуштени после 07.05.2021 година.

Во изминатиот период во Подружница Свети Николе е завршено чистењето и припремата на земјeната и бетонската каналска мрежа за наводнување. Се работеше на чистење на каналската мрежа за наводнување во полињата каде се засејува оризовата култура во атарот на селата Крупиште, Уларци, Жиганци и Пишица. На територијата на овие населени места вкупно се исчистени 33100 метри каналска мрежа за наводнување од кои машински се исчистени 24800 метри, а рачно 8300 метри. Истовремено се вршеше и замена, санација и пополнување на фугите на оштетени каналети кои се дел од групниот канал за наводнување ГК-13

Исто така тековно се работи и на припрема и одржување на затворениот систем за наводнување каде во изминативе две седмици се изврши замена и вградување на 8 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф350 и 4 репаратурни спојници и 2 максифит спојници.

Повеќе...

179095109 385052332540787 1727297522037087553 nОд страна на Подружница Тиквеш – Кавадарци, на 29ти април (четврток) беше пуштена водата во Десниот магистрален канал од ХМС Тиквеш, на делницата од Разделна градба до сифон Марена (L=13,6 km). Со тоа е овозможено пуштање во употреба на сите делнични линии во атарите на селата Трстеник, Манастирец и Рибарци, како и на групниот канал ГК-3.

Во периодот од 19.04.2021 до 25.04.2021 година се вршеше тековно чистење и одржување на каналите на хидроцелините 1 и 2, како и на ХЦ Макарија.

Чистење и одржување на ХЦ 1 во периодот од 19-25.04.2021 година:

- Кастрење на вегетација и изнесување на искастрениот материјал на групен канал К-3 во должина L=1.200m.
- Кастрење на вегетација на групен канал К-2 во должина L=300m.
- Кастрење на вегетација на групен канал ГК-3 во должина L=500m.

Чистење и одржување на ХЦ 2 во периодот од 19-25.04.2021 година:

- Кастрење на вегетација на ДМК на стационажа 24+800 – 24+820 со вкупна должина од L=20m.
- Рачно чистење на нанос на ДМК на стационажа 24+456-24+500 и 24+660-24+980 со вкупна должина од L=364m.
- Рачно чистење на нанос од 2 таложници и 4 патни премини на ДМК возводно од SV41.
- Кроење арматурна мрежа за бетонирање на 19 кампади на ДМК помеѓу SV54 и SV55 со димензии 1,70х3,95м.
- Рачен ископ на дефект на сифон Тремник, кој е дел од ДМК.
- Рачен ископ на дефект на разделен цевовод RV2/69 од ДМК.
- Заварување на 1 хидрант на DV18/37.
- Рачно чистење на нанос од 9 таложници и 9 патни премини на групен канал К-37, од Рзделна до GV7.
- Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Војшанци и палење на истите, на вкупна должина од L=150m.
- Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Корешница и палење на истите, на вкупна должина од L=150m.

Повеќе...

Во Подружница Брегалница-Кочани поради започнувањето на наводнителната сезона во периодот од 19.04.2021 година до 23.04.2021 година во делницата Оризарско Поле се одвиваа голем број на активности околу припремата за пуштање на вода. На 20.04.2021 год подружницата пушти вода за наводнување во мв.Куново, а на 22.04.2021 година во мв.Раец во КО. Оризари и во мв.Ѓерен. На 23.04.2021 година беше наполнета гумената преграда, но истата беше веднаш пресечена и наводнувањето оневозможено, по што беше неопходна интервенција.
По десниот канал беше пуштена вода за перење на истиот и се изврши чистење на решетките од ѓубрето кое беше донесено од водата.
Секојдневно се врши контрола и пренасочување на водата по нивите.

Повеќе...

2Подружницата Јужен Вардар од Гевгелија редовно ги одржува системите и пумпните станици на хидромелиоративните системи Валандово, Конско и Паљурци, преку кои граѓаните на општините Гевгелија, Богданци и Валандово се снабдуваат со вода за наводнување. Во изминатиот период се исчистени голем дел од каналите и браздите, а санирани се и дефекти на пумпи, цефки и затварачи.
Во ХМС Валандово беа извршени следните конкретни активности:
- чистење на мал канал рачно (п.с.Страиште – п.с.Голо Брдо) во должина од 400 м,
- демонтажа на пумпа бр.3,ТКП 48-2Р од П.С. Страиште
Менување на лагер,осовина и заварување на ротор.
- санирање на дефект линија бр.6, АЦЦ ф250 Б, МВ Валандово ( Детска градинка),
- менување на хидрански глави,
- санирање на дефект АЦЦ ф250 Б, МВ Плантажа Раброво
- промена на воздушен вентил 100 – 1 бр, МВ Грчки Гробишта-Раброво,
- демонтажа на мал транформатор П.С. Страиште,
- монтажа на мал трансформатор П.С.Сраиште,

Повеќе...

1Подружница Битолско Поле – Битола во моментот врши редовно одржување и чистење на системот за одводнување, до 31.03.2021 год. е исчистена одводна каналска и речна мрежа во должина од 22000 метри на територијата на Општините Битола, Могила и Новаци.

Повеќе...

6Системот за наводнување од брана Чаушица во општина Босилово кој ќе ја покрива територијата на селото Дрвош и Хамзали е завршен и предаден на користење на АД„Водостопанство на РСМ“, Подружница Струмичко поле – Струмица.
Станува збор за хидросистем во рамките на проектот за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводување што го финансира ЕУ. Со истиот систем се решава проблемот со наводнување на површините над каналот Турија а ќе го користат жителите на Дрвош и Хамзали.
Областа Чаушица се наоѓа на територијата на селото Дрвош и Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.
Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ беше предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.
Капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на системи за наводнување и брани се клучен приоритет бидејќи наводнувањето е основа за конкурентно земјоделско производство.

Повеќе...

7Во периодот од 12 до 16 април 2021 година работниците во подружница Тиквеш – Кавадарци извршија повеќе активности на ХЦ 1:
- Машинско чистење на нанос со багер од ДМК во должина L=300m.
- Кастрење на вегетација на ЗМК во должина L=700m.
- Кастрење на вегетација на ГК-3.
- Изнесување на кастрениот материјал од ЗМК и негово палење во должина од L=1000m.
- Изнесување на кастрениот материјал од ДМК и негово палење на делница од пумпна станица Сопот до сифон Марена во должина од L=1800m и од излез на сифон Марена и делница од патен премин Манастирец до аквадуктот во должина од L=2000m.
- Пуштање на вода во ЗМК до МХЕЦ2.
Во истиот период се вршеше рачно и машинско чистење и на ХЦ 2, поточно:
-Машинско чистење на нанос на ДМК со багер на стационажа 26+200-26+760, 27+080-27+180, со вкупна должина од L=630m.
- Машинско чистење на нанос на К-37 со багер на стационажа 0+310-0+410, 0+430-0+680, 0+680-0+720,
0+980-1+040, 1+120-1+150 со вкупна должина од L=480m.
-Рачно чистење на нанос на ДМК на стационажа 30+115-30+279 , 27+080-27+140
30+279-30+400, 30+408-30+688, 24+500-24+660 со вкупна должина од L=755m.
-Рачно чистење на нанос на К-37 на стационажа 0+000-0+363 со вкупна должина од L=363m.
-Палење на искастрениот материјал на ДМК на стационажа 41+540-42+764, 42+764-43+600 со вкупна должина од L=2060m.
-Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Војшанци и палење на истите, на вкупна должина од L=200m.
-Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Корешница и палење на истите, на вкупна должина од L=200m.
-Машински ископ и подготвителни работи за отклонување на дефекти на цевоводите DV15/37, DV16/37, DV18/37

Повеќе...

JVD2Преку капиталната инвестиција „Проект за наводнување на јужната долина на реката Вардар“ и инвестирањето во водостопанската инфраструктура, се овозможуваат доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини во валандовскиот регион.
Системот за наводнување "Јужна Вардарска долина" е проект од огромна важност за граѓаните, бидејќи истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година. Земјоделците и граѓаните од овој регион добиваат модерен систем за наводнување за нови 2150 хектари.
Дистрибутивните мрежи се во својата завршна фаза на изградба, природните ресурси се паметно искористени, а квалитетна вода во јужновардарскиот регион до почеток на летото ќе биде достапна за секојa педа земјоделско земјиште во регионот.  
Проектот е вреден 24 милиони евра и се финансира преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка "KFW" и со средства од Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе...

Во периодот од 08 до 12 април во рамки на работата на Подружница Прилепско поле - Прилеп беа санирани неколку дефекти меѓу кои пукната огралица замената со нова во М. В Точила, замена на нов азбест на шиберот во М.В Гладно поле, како и санирање на главен хидрант во село Коњари.

Повеќе...

1Врз основа на Договорот за деловна соработка склучен помеѓу АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кој се одобрени финансиски средства во износ од 40.000.000 денари за реализација на дел од Планот за годишна инвестициона програма за 2021 година, а по спроведената постапка за јавна набавка се потпиша договорот за Рехабилитација на Основен проект на челичната облога на сифoн Макарија со ДПГТУ Пескара Вел Дооел Велес.

''Денес во просториите на АД Водостопанство на РСМ, во присуство на директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, од која се обезбедени финансиски средства за санација на сифонот Макарија, потпишавме договор со одговорно лице Јосиф Манев од Пескара Велес за реализација на проектот'', изјави Главниот извршен директор на АД '' Водостопанство на РСМ'' - Скопје, Васко Стефанов.

Со реализација на овој договор ќе се реши долгогодишниот проблем со сифонот Макарија, ќе се анулираат количинските загуби и филтрација на вода, кои до сега ги имаше сифонот Макарија, ќе се анулираат штетите од водата, која е продукт на филтрација и ќе се подобри наводнувањето со овозможување на дополнителни количини на вода по Левиот магистрален канал од ХМС Тиквеш.

Повеќе...

1Котата на водата во акумулацијата Тиквеш во 8:00 часот на 16.04.2021 година е 243,2 м.н.в.
Пуштено е околу Q=2,5 m3/s вода од Затварачница во Заедничкиот магистрален канал
и во Лев магистрален канал до МХЕЦ во вкупна должина од 9 км.
Исто така пуштена е водата и во групниот канал ГК-1 кој со вода се снабдува од ЗМК
и во сите делнични линии од ЗМК.

Повеќе...

4Вработените во АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Брегалница - Кочани ја пуштија водата од каналите во оризовите површини во месноста Сазл'к, со што официјално започна сезоната за наводнување и сеидбата на ориз.
За почеток на наводнувањето се користат проточните води од реките во регионот, а до крајот на месецот ќе бидат ставени во функција левиот и десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“.  
Раководителот на подружницата Дени Митров во изјава за МИА истакна дека во моментот во браната Калиманци се акумулирани околу 110 милиони кубни метри вода, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекува таа дополнително да се наполни. Најголем дел од каналите се исчистени, иако работниците се постојано на терен  за да ја довршат подготовката на местата каде има извесни проблеми, изјави Дени.
Од подружницата очекуваат успешна реализација на наводнителната сезона , а годинава имаат зголемување на површините што ќе се засеат со ориз, односно според планот тие достигнуваат. 4.200 хектари, во кои влегува и делот кај штипското село Крупиште.

Повеќе...

1Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, Васко Стефанов,на ден 14.04.2021 година  присуствуваше на меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во Кавадарци, во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата Тиквеш, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво.

Состанокот беше организиран од страна на АД ЕСМ и на истиот присуствуваа Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, директорот на АД „Водостопанство на РСМ“, Васко Стефанов, тројца пратеници од Тиквешијата, Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, градоначалникот на Неготино Тони Делков, како и концесионери од други дејности.

АД „Водостопанство на РСМ“ ги информира водокорсниците дека во моментот вода за наводнување има, а котата во следните денови ќе се зголемува. ХЕЦ Тиквеш веќе извесно време не произведува електрична енергија со цел акумулацијата да се исполни до котата 245мнв. која што е потребна за непречено наводнување во вегетацискиот период кој е пред нас. Денеска котата изнесува 242,52мнв. што потврдува дека во моментот има вода за наводнување.

Повеќе...

5Согласно програмата и планот за работа на АД „Водостопанство на РСМ“ за 2021 година, Подружница Берово – Берово започна со работни активности за реализација на дадените цели.

Во втората половина од месец Март, АД „Водостопанство на РСМ“ - Подружница Берово од Берово започна со чистење на тревна вегетација на Тиролски зафат од река Брегалница. Во првата половина од месец Април се работеше на откривање на веќе утврден дефект на АЦЦ Ф125 од Десен магистрален вод на место викано Трската. Додека пак во Општина Делчево, односно во село Тработивиште се изврши чистење од наносен матерјал на Дунски јаз и непречено беше пуштена вода во истиот за наводнување за рано градинарски култури.

Повеќе...

12Подружница Свети Николе во моментот врши редовно одржување и подготовување на инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнителна сезона. Искористувајки ги поволните временски услови од месеците февруари, март и април се започна со машинско и рачно чистење на Десниот магистрален канал од нанос и вегетација од кај село Каратманово до село Црнилиште со должина од 17500 метри. Истовремено се работи и на отстранување на дефекти на ХМО од претходната година. Во овој период се демонтирани и монтирани 19 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф350, променети се и 12 АЦ спојници и монтирани се 4 максифит спојници.

Во моментот машински и рачно се чистат од нанос и вегетација земјените канали за наводнување кај полињата планирани за засејување со оризовата култура. Машински се исчистени земјени канали за наводнување со должина од 7820 метри додека на непристапните места за работа со механизација чистењето на земјената каналска мрежа се врши рачно и до сега се исчистени земјени канали за наводнување со должина од 4850 метри.

Повеќе...

9Подружница “Прилепско поле“ Прилеп ги заврши планираните активности околу оспособување на ХМС за наводнување на тутунски расад за сезоната 2021 год.
Делот од системот за наводнување на тутунски расад е комплетно ставен во функција според предвидениот план и програма на подружницата.
Санирани се два дефекти на главниот десен канал на ХМС на АЦЦ цевка Ф 900 мм.
Во тек се санирања  на помали дефекти на хидромеханичката опрема на останатиот дел од системот за наводнување. ( шибер вентили, воздушни вентили и сл.)
Во моментов акумулацијата располага со сса 4.500.000 м3 вода т.е 75 % од вкупниот капацитет од 6.030.000 м3 што означува дека водокорисниците треба да очекуваат успешна сезона за наводнување 2021 година.
Подружницата започна со склучување на договори за наводнување за сезоната 2021 година под истите услови како и претходната година.

Повеќе...

Во Подружница Брегалница-Кочани сите теренски работници се активно вклучени во вршење на активности за чистење на системите и инфраструктурата за наводнување.Се прават насипи за заштита на земјоделските површини од поплави и излевање на реките.

Во текот на неделата од 29.03.2021 година до 02.04.2021 година се работеше во КО.Спанчево каде машински се вршеше тековно чистење и одржување на каналите за наводнување и одводнување, додека рачно се отстрануваа искршени гранки од дрвја и се чистеше наталожен нанос во К.О.Виница.

Вработените во подружница Гостивар - Гостивар ги искористија поволните временски услови во почетокот од месец април и извршија рачно и машинско чистење на голем дел од браздите и каналите за наводнување. На 01.04.2021 година, машински се чистеше  главната бразда во населба Млаки-Дебрешки атар, Општина Гостивар. На 02.04.2021 година, се изврши рачно чистење на главниот канал Здуње – Пирок од село Градец кон село Неготино – општина Врапчиште, покрај Автопатот Тетово – Гостивар. Каналот беше затрупан со стебла од суви гранки како и  со пластични шишиња, лименки и друг отпад од страна на несовесните граѓани-минувачи.

Повеќе...

Каналот Лоиште е нефункционален повеќе од 15 години и му беше потребна санација и обновување,особено во делот кај што се бетонските плочи пред цефководот.
Каналот е со вкупна должина од 2300 метри од кои 550 метри е цефковод, а 1750 метри е отворен, земјен, трапезест канал кој на некои делници е изграден од бетонски плочи.
По отстранувањето на разниот вид отпад и нанос од каналот, како и сечење на гранките кои ја попречуваа работата се продолжи со санација на каналот Лоиште.
Делот за санација изнесува околу 30 метри, од кои 20 метри се избетонираа од ново, а останатиот дел кој беше помалку оштетен се оспособи со санација на паднатите постоечки бетонски плочи и спојување на деловите кои се искршени.

loishte1loishte2loite3loishte4

Повеќе...

2Во периодот од 16.02 – 28.02.2021 година во подружница Тиквеш – Кавадарци интензивно се вршеа активности за чистење на системите и инфраструктурата за наводнување. Се кастреше вегетацијата од двете страни на дел од Лев магистрален канал и тоа во атарот на с.Водоврати од зафатот на ДВ34 до ДВ43 и во атарот на с.Росоман од зафатот на ДВ23 до ДВ20  со помош на багер и теренски  работници.

Потоа, кастрење на вегетација од двете страни на дел од Десен магистрален канал од Разделна градба до сифон Љубашки, како и Кастрење на вегетација од двете страни на дел од Десен магистрален канал од патен премин Манастирец кон сифон Оризарски во должина од 3 км.

Кастрење на вегетација од двете страни на дел од Десен магистрален канал од км 35+180 – 35+612, км 36+102 – 37+320, км 37+496 – 37+644, км 49+740 – 50+100, км 50+200 – 50+400 и од сифон Тимјаник кон зафат на ДВ42 во должина од 750м.

Машинско чистење на Десен магистрален канал со багер од км 35+440 – 36+580, км 36+930 – 37+230 и од сифон Тимјаник2 возводно према сифон Тимјаник во должина од 250м, како и

бетонирање на 6 кампади на Заеднички магистрален канал.

Раководителот на Подружница Берово Зоран Аговски заедно со преставниците од Дирекцијата на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Влатко Нацев,  Советник на главен извршен директор за инвестиции и ( анализа, проектирање и развој), Ристо Манев, Советник за уредување на слив и речни корита и Ангел Петков, Раководител на сектор за финансиски работи, на ден 26.02.2021 година во 16 часот одржаа работен состанок во село Владимирово со сопствениците на земјоделски парцели низ кои треба да минува новиот цевковод од ХМС Малешевско поле во должина од 4,5 км. За изградба на цевководот обезбедени се средства од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Состанокот се одржа со цел да се информираат сопствениците на земјоделско земјиште за активностите кои следуваат во наредниот период, како  и да се побара нивна согласност за дозвола цевководот да минува низ нивните парцели, со цел обезбедување на дозвола за градење и започнување на градежните активности.

12345

Во Подружница „Радовишко поле“- Радовиш во тек се активности за припрема на системот за наводнување за претстојната сезона. Активностите на терен се отпочнати од 01.02.2021год. и ќе траат до 30.04.2021 год., а потоа ќе се започне со полнење на системот и ставање во функција за наводнување, кое започнува од 15-ти Мај. Во работата на терен се вклучени сите теренски работници. Од 01-ви Февруари е започнато со прочистување на Главните отворени канали – Лев и Десен магистрален канал. Динамиката на чистење зависи од временските услови.
На 03.02.2021 год. се работеше на отстранување на дефект- пукната АЦЦ цевка со ф -150 мм. Дефектот е отстранет со вградување на цевка од 1,9м и две репарациони дводелни спојки ф-150мм.( На ДВ3 од РВ1 на Десна страна – помеѓу с. Ињево и с. Војславци)

 

radovish1radovish2radovish3radovish4

Во периодот од 18 до 31 јануари 2021 година, на главниот зафат на Коселска река кај разделните порти, рачно се вршеше чистење на наталожениот  нанос

и разно ѓубриште што го имаше надонесено реката, како гранки, лисја, разни видови пластика, и друго.

Исто се изврши рачно отстранување на разнивидови ѓубриште,искршени гранки од дрвја и лисја, на дел од каналот  за Долни Косел.

Поради обилните врнежи од дожд во изминатиот период, беше направена контрола и увид на целиот терен на Општина Ресен и се утврди дека во моментов нема никаква опасност од полави.

ohrid1ohrid2ohrid4

Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост -Скопје – Подружница Битолско Поле – Битола во изминатите три години исчисти повеќе од 300 километри канали низ Пелагонија, во општините Битола, Новаци и Могила.

Обилните врнежи на дожд во изминатиот период во Пелагонија не предизвикаа некои посериозни проблеми.

По овие дождови кои паднаа во изминатиот период единстевни места каде имавме поплави беа во Породин и селата Лажец, Жабени и Велешина, но тоа неа беа некои големи поплави – вели раководителот на подружницата Стојан Георгиевски.

 

Фотогарфии од интервенцијата на Акционерско друштво Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост – Скопје подружница Битолско Поле – Битола на река Драгор кај пумпната станица од ЈКП Водовод – Битола со багер Либхер А916 точкаш, каде постоеше опасност од излевање на реката Драгор и поплавување на пумпната станица со што без вода за пиење ќе останеа Општините Битола, Новаци и Могила.

 

 bitola.dragor1bitola.dragor2

Интервентно чистење на река Лажечка во с.Лажец со цел  зголемување на пропусната моќ на реката со отстранување на пластични шишиња и друг градежен материјал кои месното население ги фрла во реката. По интервенцијата, нивото на реката се намали за половина метар и не постои опасност од поплавување на куќите во с.Лажец.

 

bitola.lazec1bitola.lazec2

 

 

2Теренските работници од Подружница Гостивар-Гостивар секојдневно се на терен за рачно одржување и чистење на каналската мрежа Здуње-Пирок,таложниците Галате и Добридол, како и на речните корита кои од човечки фактор се пренасочуват и се влеваат во каналската мрежа. При тоа се создава голем нанос на разни отпадни материјали, како по целата каналска мрежа, така и кај таложниците, што може да се види од сликите кои се направени на терен.

Повеќе...

TAVВо рамките на дневните тековни активности на подружницата Скопско Поле - Скопје во деновите од  16 до 31 Јануари 2021 година се изведуваа теренски активности на териториjaта на Општина Петровец на земјените канали за одводнување.

Во периодот од 18 до 20 јануари 2021 година се чистеше каналот за одводнување Бавчи 4; Во периодот од 22 до 28 јануари 2021 година се изведуваа теренски активности на Главен канал за одводнување од ПС Таор кон Ржаничино и се продолжи со чистење на каналите за одводнување кај скопскиот аеродром ТАВ од 16 до 21 Јануари 2021 година.

Се чистеше машински со багер Liebherr 916 и со багер гасеничар Synward , со што е обезбеден нормален проток на вода низ каналите.

Повеќе...

На 11 Јануари 2021 година по обилните врнежи интервенирано е на реката Лепенец на зафатот на каналот за наводнување Ново село. Каналот е затворен машински со што се избегнати поплави на земјоделски површини и објекти во Ново село, општина Ѓорче Петров.

 

Kанал ПетровачкиВо периодот од 01 до 15 Јануари 2021 година, во рамки на дневните тековни активности на Подружница Скопско Поле, се изведуваа теренски активности на териториjaта на Општина Петровец на земјените канали за
одводнување:
- Канали за одводнување кај скопскиот аеродром ТАВ од 05 до 15 Јануари
2021 година,
- Канал за одводнување Петровачки од 12 до 13 Јануари 2021 година и,
- Канал за одводнување Бошњачки од 14 до 15 Јануари 2021 година.
Се чистеше машински со багер Liebherr 916, багер гасеничар Synward и со мал багер Yanmar , со што е обезбеден нормален проток на вода низ каналите.

 

Повеќе...

DSC 0232Со должина од 2700 метри, протокот на реката Шемница кај селото Црнобуки  е исчистен од ,АД ВОДОСТОПАНСТВО на  РСМ , државна сопственост, подружница  Битолско Поле  според договорот склучен со општина Битола , за целосно отстранување на дрвјата, корените и остатоците, кои во овој дел не се исчистени  повеќе од 25 години. Исто така, во рамките на активностите се санирани и некои селски улички како и главниот пат што оди кон селото. Градоначалничката  на Битола им се заблагодари на вработените во Подружница Битола  и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина.

11OktИзвршниот директор на “А.Д Водостопанство на Република Северна Македонија”, г-динот Илми Селами на сите вработени, како и на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита државниот празник 11 Октомври - Денот на народното антифашистичко востание.

51020На ден 05.10.2020 година во рамките на тековните активности на подружницата Скопско Поле  на територијата на Општина Илинден се изведуваа теренски активности - Машинско чистење со багер, на земјан канал за одводнување- Главен канал Горна зона,  во близина на Макпетрол, Општина Илинден. 

Image

На ден 06.10.2020 година, екипа од вработени луге во подружица Полог од Гостивар извршија  чистење на главниот канал Здуње-Пирок, во атарот на селото Равен-Здуње.

4 Idrizovski Kanal kaj Izum 94 Idrizovo G.BabaВо рамките на тековните активнсоти на подружница Скопско Поле на ден 02.10.2020 год. Се продолжува со иведување на активностите на територи на Општина Илинден и ОПШТИНА Гази Баба.
- Машинско чистење на земјен канал за одводнување - Идризовски со мал багер Yаnmar, кај Изум 94 во Дрма –Идризово, Општина Гази Баба.
- Машинско чистење на земјен канал за одводнување -Азмак , со багер Liebherr 916 кај црква во село Кадино, Општина Илинден.

 

1 Идризовски канал кај Изум 94 Општина Илинден
2 Идризовски канал Изум 94 Општина Илинден
3 Идризовски канал Изум 94 Општина Илинден
4 Идризовски канал 94 Општина Илинден
5 Азмак канал кај црква Кадино Општина Гази Баба
6 Азмак канал кај црква Кадино ,Општина Гази Баба

ohridВо периодот од 30.09.2020-02.10.2020 подружница Црн Дрим од Охрид изврши кревање на портите во село КОСЕЛ ( ОХРИД ) да истекува водата од надојдените дождови во ситемот, во река Коселска  и во село Волино ( Дебарца ) во река Сатеска .

На други места се вршеше регулација со шибери каде што има или  рачно таму кај што имаше можност со рушење на зафатите, но за некаде беше потребно да се интервенира со багер ( зафати на река Сатеска )

02.10.2020 3Дневните активности на подружница Брегалница се одвиваа и во кругот на подружницата. Се работеше на швајцување на капакот за резеворар нафта за употреба на парно.
Во текот на денот исто се работеше на терен кај Брана Градче , Санација на штета настаната поради временска непогода ( обилни поројни дождови проследени со силен ветер, која се резултираше со откорнати дрвја , прекин на жици кои напојуваат електрична енергија. По увидот направен од вработен за теренска работа , превземени се мерки за расчистување на местото , односно собирање на откорнатите дрвја кои го попречуваа пристапот и понатамошното извршувањње на работите, бидејки се наоѓаат на самото речно корито, веднаш под Брана Градче.

1Дневни активности на25,09,2020 год. Подружница Берово извршија теренски активности – рачно разоткривање на цефка (ацц ф 125) на место викано Браниште , од системот на хмс Малишевско поле .Во Делчево  се издаваат испратници за црпење на нанос-песок ,камења и чакал од рачно корито на река Брегалница по претходно добиени концесии и утврдени делници на споменатата река. 

На ден 25.09.2020 , теренските активности  на подружница Тетово  продолжуваат со проверување  и отсранување на дефекти на системот за наводнување , истиот ден е работено во село Фалиште место викано Масларски  пат  за отклонување на дел од запушениот систем за наводнување и истиот дефект е отстранет.

viber image 2020 09 28 12 03 49Работна група составена од мајстори за санирање на дефекти, врааботени  во А.Д Водостопанство на РСМ, во државна сопственост  деновиве изврши увид на дефект на браната во Липково. По направениот увид, истите  превземаа мерки и активности  за да  излезат на лице место и да го отстранат дефектот. Со отстранувањето на дефектот ке се овозможи непречено функционирање на системот за наводнување  во Кумановскиот регион, како и за непречено обезбедување на водата за пиење за домаќинствата во Куманово и Кумановската околина.

Повеќе...

На последната седница на одборот на дирекотри на А.Д. Водостопанство на РСМ одржана на 17.9.2020, со мнозинство гласови од членовите, беше разрешен досегашниот раководител на подружница Гостивар Имрли Бекири и на негово место беше назначен Али Мемеди.

Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од православна вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски.

4Поројните дождови од минатиов период предизвикаа поплави на повеќе места во Кочанско. Вработените во подружницата на АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост “Брегалница” со седиште во Кочани интервенираа на неколку критични локации со цел справување и ублажување на последиците од поплавите.
Во прилог слики од теренските активности:

Повеќе...

3 resizeВо рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гостивар, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Гостивар во месец Јуни:
Општина Врапчиште:
-Машинско чистење на земјен канал во атарот на село Градец
-Интервенција на табла затварач во атарот на село Добридол
-Интервенција и монтирање на решетките во таложницата во село Добридол
-Поставување на железна решетка во таложницата во атарот на село Галате
-Чистење на река Маздрача, село Неготино

Повеќе...

Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Скопје, во месец Април се изврши машинско чистење на 750 метри и во месец Мај на 5550 метри каналска мрежа за одводнување:

Општина Илинден, Скопско, Април 2020:

  • Исчистен ободен канал од вегетација во должина од 750 метри, со што се обезбеди непречен проток на вода.

12

Повеќе...

ramadanПразникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за воспоставување на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја. Големата духовна сила и цврстата волја кои следуваат по 30-дневниот рамазански пост, самоуверено и храбро да Ве водат кон споделување на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и толерантноста. Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам деновите на овој голем празник да ги поминете во кругот на Вашите семејства и домови во добро здравје, расположение и среќа.

kirilНека е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста.

11Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Тетово, во месец Април 2020 година беа исчистени 8120 метри земјена и бетонска каналска мрежа, согласно програмата за подготовка на хидромелиоративните системи за наводнување во Тетовско:
Чистење (рачно) на три (3) бетонски канали во сeло Долно Седларце од вегетација, дрва и наносен материјал во должина од 1200 метри.

Повеќе...

1Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Берово, во месец Мај 2020 година се извршија следните теренски активности:
Село Трботивиште, општина Делчево: Чистење на Дуњскиот и Виречкиот канал во должина од околу 1км и санација на бентови. Рачно чистење на отворени земјени канали во должина од околу 6 км.

Село Разловци, општина Делчево: Чистење на 1200 метри од вкупно 2000 метри колку што е должината на отворениот земјен канал во Горно Поле.
Општина Берово:
Чистење на заштитните зони и пешачката патека околу Беровско езеро.

Повеќе...

may"Им го честитам 01 Мај, Меѓународниот ден на трудот на сите вработени, како и на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувањето на денешниот празник за работниците во целиот свет е од големо значење бидејќи овој ден е потсетник за страдањето и борбата на работничката класа за унапредување на своите права. Продолжувањето на таа борба за поголеми права на работникот е и наша заложба."

6Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Скопје, се изврши машинско чистење на 4350 метри каналска мрежа за одводнување:
Општина Петровец, Скопско:

Повеќе...

10Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Скопје, се изврши машинско чистење на 4440 метри каналска мрежа за одводнување:
Општина Петровец, Скопско:

Повеќе...

856576 ramadanИм го честитам светиот муслимански месец Рамазан на сите вработени припадници на Исламската верска заедница, како и на сите граѓани од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија.

11Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Тетово, во месец Март 2020 година беа исчистени 1140 метри земјена и бетонска каналска мрежа, согласно програмата за подготовка на хидромелиоративните системи за наводнување во Тетовско:

Повеќе...

veligden 53158

Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од православна вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски.

8 resizeВо рамките на тековните активности на подружницата “Црн Дрим” на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" со седиште во Охрид,  се извршија следните теренски активности во месец Март 2020:

Чистење на каналската мрежа за наводнување (отворен трапезест бетонски канал, а дел отворен земјен канал), во правец од село Косел кон село Долно Лакочереј. Санација на дел на трапезест канал за наводнување од “ХМС  Косел – Охрид”  кој е на разводниот јаз за селото Долни Косел. Санирањето се состоеше во претходно отстранување на искршени и еродирани бетонски плочи, чистење на вегетација и нанос, пополнување со тампон, тампонирање, оплата и бетонирање на делот од каналот (во прилог слики).   

 

 

Повеќе...

BitВо рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола,  се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:

Чистење на одводен канал во село Могила, со цел заштита на земјоделските парцели од поплави.

Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често како поплавување на парцелите покрај патот и оштетување на коловозот на локалниот пат за селото Могила.

Sostanok125 Март, 2020 година
Денес во просториите на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија" во државна сопственост, раководството на АД-то на чело со Главниот извршен директор, г-динот Илми Селами одржа работен состанок за проверка на спроведување на мерките и теренските активности со цел поуспешно и поефикасно започнување на претстојната сезона на наводнување.
Покрај другото, работниот состанок се одржа во согласност со мерките и препораките на Владата на РСМ за превенција на ширење на Коронавирус COVID-19.

Повеќе...

Земјен канал Плинара-Врапчиште,во атарот на село Здуње, Општина Гостивар

Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гостивар, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Гостивар:

Рачно исчистен  дел од  бетонскиот  канал ,,Плинара – Врапчиште,,  во атарот на село Здуње, општина Гостивар во должина од 250 метри 

Машинско и рачно чистење на земјен канал на “Ајдучка бразда” во атарот на село Здуње, општина Гостивар, во должина од 350 метри (во прилог слики од чистењето).

Повеќе...

Исчистен одводен канал во близина на РЕК-Битола

Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола,  се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:

Чистењето на одводен канал во близина на РЕК Битола (во прилог слики).

 

 

 

 

Исчистен одводен канал во близина на РЕК-Битола

Повеќе...

На сите вработени жени во “АД Водостопанство на Р.С.М”, Ви го честитам меѓународниот ден на жената 08-ми Март, ден за славење и почит кон сите жени и нивната улога во општеството. Ви посакувам добро здравје, успех на работните места и заедно да истраеме во борбата за унапредување на вашите права.

3Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:
Чистењето на одводен канал во близина на селото Ношпал, општина Могила со цел заштита на земјоделските парцели
Санација и местење на цевка во близина на село Мусинци.
Чистењето на одводен канал во близина на РЕК Битола.
(во прилог слики).

Повеќе...

5Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гостивар, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Гостивар:
Чистење (машинско и рачно) на 120 метри од Магистралниот канал “Здуње–Пирок” (отворениот дел на излез од градот Гостивар, до објектот на АМСМ). Отстранети нанос, муљ и ѓубре од различен вид. Во прилог слики од чистењето. Машинско и рачно чистење на секундарни земјани канали за наводнување во атарите на градот Гостивар и село Дебреше, општина Гостивар и тоа:
Чистење на каналот кај Ако градба – Гостивар во должина од 150 метри;
Чистење на каналот покрај асфалтниот пат од село Дебреше во правец на Автопатот ,,Тетово – Гостивар,, во должина од 800 метри;
Машинско и рачно чистење на средниот канал во атарот на село Дебреше, општина Гостивар, во должина од 400 метри ;
Машинско чистење на речното корито во атарот на село Дебреше, општина Гостивар, во должина од 50 метри;
Поставување на цевка од 3 метри , за изградба на патен пропуст, на м.в. “Црница” во атарот на село Дебреше, општина Гостивар; Машинско чистење на Среден канал “Плинара – Врапчиште”, кај месноста Плинара во атарот на село Здуње, општина Гостивар во должина од 60 метри.

Повеќе...

Picture1Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола,  се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:

Чистењето на одводен канал во близина на селото Ношпал, општина Могила со цел заштита на земјоделските парцели (во прилог слики од чистењето).

 

Повеќе...

Picture6Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Охрид,  се извршија следните теренски активности на територијата на општините Охрид и Струга:

Чистење на одводни канали кои се во каналската одводнителна мрежа на т.н "Струшко блато". Со чистењето на каналите (кои беа долги години запоставени) од наноси, вегетација, градежен шут и отпад, се опфати дел од Индустриската зона Струга (како земјоделски површини така и индустриски објекти) за заштита од поплави.  

Чистење на одводен канал бр.VI во должина од 2 километри.  

Повеќе...

Picture4Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:
Чистењето на одводен канал во близина на МЕПСО, со цел заштита на земјоделските парцели (16-17 Декември 2019).
Чистењето на одводни канали во близина на на Општина Новаци и во близина на селата Долно Оризари и Логоварди со цел заштита на земјоделските парцели (16-20 Декември 2019).
Чистењето на одводен канал во близина на ЈП Комуналец, со цел заштита на земјоделските парцели (24 Декември 2019).
Чистењето на одводен канал во близина на село Долно Оризари, со цел заштита на земјоделските парцели (27 Декември 2019)

Повеќе...

Terenski Bitola 1Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, се изврши чистење на критичните места на реката Црна (на територијата на село Бараково и соседните села, општина Битола) во временскиот период од 27 Ноември до 04 Декември 2019.

Механизацијата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" – подружница Битола беше ангажирана на чистење на критичните места на Црна Река каде изминатите десетина години истата се излеваше во зимскиот период и го поплавуваше обработливото земјиште и дел од патната инфраструктура во селото Бараково и соседните села. Месната заедница на селото Бараково изрази голема благодарност и пофалба до подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола за вложениот труд и професионалност. Во планираните активности е и целосно чистење на реката на потегот од мостот што ги поврзува Бараково и Вардино до мостот кај село Граиште.

Повеќе...

2020Извршниот директор на А.Д.„Водостопанство на Република Северна Македонија„ Илми Селами на сите вработени има ја честита Новата 2020 година.  

"На сите вработени во АД Водостопанство на РСМ, Ви ја честитам Новата 2020 година со желби за добро здравје на Вас и Вашите семејства, успех на работните места, многу среќа, мир и спокојство„.

Чистење на одводни канали во близина на село ДобромирВо рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:

 Во временскиот период од 18 до 22 Ноември 2019:

– Чистење на oдводни канали (со цел на заштита на земјоделските површини) во близина на селата Новаци, Добромир, Долно Српци и Ново Змирнево.

Повеќе...

чистење на одводни канли во близина на с.НовациВо рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, во временскиот период од 11 до 15 Ноемаври 2019 се извршија следните теренски активности на територијата на општина Битола:

Чистење на XIII oдводен  канал во близина на ЗИК Пелагонија, чистење на одводни канали во близина на село Долни Српци - Општина Могила, Битолско и на одводни канали во близина на село Новаци.

Повеќе...

2Во период од 31-10 до 03-11 2019 година во хотел Белведере Охрид се одржаа 26-ти те спортски игри на АД Водостопанство на РСМ со што се одржа долгогодишната традиција на овие игри.
Учествуваа екипи од сите подружници на АД ВОДОСТОПАНСТВО на РСМ и тоа во повеке дисциплини во машка и женска конкуренција како: фудбал, табла, шах, пикадо, а најголем интерес привлече како и секогаш дисциплината влечење со јаже. Како победници од оваа игра излезе екипата на подружница Куманово, која во неизвесна битка ја совлада екипата на Дирекција. Поважно од тоа кој победи беше самото дружење со колегите од сите подружници кои беа во голем број, што уште еднаш го истакнаа заедничкиот дух на вработените во Водостопанство.

Повеќе...

Јужен Вардар1Во рамките на теренските активности на подружницата Јужен Вардар на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гевгелија, се започна со сечење и остранување на вегетацијата на брана Чинарли. Исчистен е прооден пат за механизација до темелен испуст (затварач). Во тек е чистење од вегетација на прооден пат на тело на брана до преливен орган, како и чистење на преливникот од вегетација.

Активности Bitola2Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Битола, во временскиот период од 30 Септември до 10 Октомври 2019 година се изврши чистење на одводните канали во близина на село Бистрица, Битолско.

Повеќе...

Slatino 1Санацијата на браната на Слатинско Езеро успешно е завршена благодарение на проектот финансиран од Европската унија, а имплементиран преку програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), за што беа вложени 1,2 милиoни евра. Земјената брана на Слатинско Езеро која беше изградена во 1963 година попушти во невремето во 2013 година, а е санирана благодарение на програмата на УНДП за санација на штетите од поплавите во Македонија, во рамки на која се опфатени четири брани.

При санацијата на браната изваден е околу 8000 м3 воден талог. Преостанува како неопходност да се исчисти густо-нараснатата вегетација во самата брана, за да може Слатинското Езеро да се наполни со вода од Мраморечка река.

Повеќе...

13Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Берово, согласно Планот и Програмата за работа, а со цел успешно започнување на сезоната за наводнување, се извршија следните теренски активности: чистење на отворените канали за наводнување во Берово и во регионот на Делчево т.е во Селата Разловци и Трботивиште. Во село Трботивиште се изврши чистење на отворените канали во должина од околу 6 км и беше направена санација на бентовите (зафатите на река Брегалница и река Желевица ) и беше пуштена вода за наводнување. Во селото Разловци беше исчистен каналот во Горно поле во должина од околу 2 км и поправен бентот за да се пушти непречено вода во истиот. Саниран е дефектот на десниот магистрален вод од ХМС „Малешевско поле“ каде е заменета оштетената цевка (АЦЦ ф 800). Системот по повеќемесечен застој повторно е ставен во функција со што ќе се овозможи наводнување на површини во Беровско поле.

viber image 2019 06 21 09 07 31Новоформираната подружницата Tетово на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост", интензивно се подготвува за престојната сезона за наводнување. Реализирани теренски активности досега вклучуваат: иcчистен магистрален канал од село Радиовце до река Пена на најкритичните места (околу 3км) , санирани се неколку од вратите на Главниот канал , машински и рачно се исчистени околу 7 км бетонски и земјени бразди како и отворени околу 2 км нови земјени бразди (во атарите на село Фалише, општина Тетово; селата Брвеница и Долно Седларце, општина Брвеница). До почетокот на сезоната за наводнување на земјоделските култури остануваат да се исчистат уште 4-5 км бетонски и земјани бразди во атарите на селата Долно и Горно Седларце, Милетино, Боговиње, Камењане и Пирок (кои гравитират во општините Боговиње и Брвеница). 

Gostivar 10 14 Juni 2Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гостивар, во временскиот период од 10 до 14 Јуни 2019 се извршија следните теренски активности на територијата на општина Гостивар: отворање на затрупана бразда во населба Малеарди, општина Гостивар во должина од 300 метри, чистење на секундарен канал т.н (среден канал) кај Плинара, во атарот на село Здуње во должина од 400 метри, машинско чистење на среден канал од Здујнски пат до новите гробишта во должина од 300 метри, машинско и рачно чистење на Хајдучка бразда од среден канал ''Здујски пат'' до населба Млаки, Гостивар и машинско чистење на т.н ''хајдучка бразда'' во атарот на село Дебреше во должина од 400 метри.

63100395 486006335502092 3845539555914547200 nЕкипа од подружницата на ”АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост” во Свети Николе интензивно работи на отстранување на дефект на десниот магистрален канал (ГК 14А). Имено на ден 13.06.2019 дојде до продирање на вода во наведениот канал, во атар на село Крупиште. Се врши празнење на десниот магистрален канал од вода, со цел бетонирање за да се спречи понатамошно продирање.

23.05.2019 Во рамките на тековните активности на подружницата на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост" во Гостивар, се изврши чистење на магистралниот канал "Здуње – Пирок", во близина на атарите на селата Градец и Неготино. Машинско и рачно се чистеа и споредните канали кај таканаречената Неготинска петља во село Неготино (општина Врапчиште) и тоа во должина од петстотини (500) метри и таканаречената Хајдучка бразда во населба Млаки во Гостивар. Се исчистија и таложници во атарите на селата Галате и Добри Дол. Чистењето односно одстранувањето на вегетација, наноси, смет и отпаден материјал, се изврши во временски период од неколку дена, почнувајќи од 19 Мај 2019.

2.Поплавениот пат покрај магистралниот канал Здујне Пирок во атар на село Градец. 14.05.2019.годВо рамките на активностите на Кризниот штаб на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост", формиран за следење на состојбата на акумулациите, речните корита и каналите за наводнување и одводнување по најавите за обилни врнежи, Подружницата во Гостивар на 14 Мај 2019 год. интервенираше на магистралниот канал Здуње – Пирок во атарот на село Градец. Поради насобран отпад дојде до блокирање на испуст и водата од каналот се прелеа на локалниот пат што се протега паралелно со каналот. По завршената интервенција, водата се повлече во каналот и сообраќајот се одвиваше во нормални услови.

4.Odvodnuvanje na poplavenite povrsiniВо рамките на активностите на Кризниот штаб на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост", формиран за следење на состојбата на акумулациите, речните корита и каналите за наводнување и одводнување по најавите за обилни врнежи, вработените во Подружницата во Струмица на ден 15.05.2019 интензивно работеа на санирање на одбранбениот насип и затвoрање на пробиеното речно корито на реката Струмица, на делницата низводно од село Босилово кон село Турново. Причината за пробивање на одбранбениот насип е навлегување на водата од реката во тунел, односно јама ископана во самиот насип од животно. Од поголемиот дел од поплавените површини, околу 15 хектари, излеаната вода е одводнета, односно одстранета.

 

2.Cistenje na Palciska RekaВо рамките на активностите на Кризниот штаб на "АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост", формиран за следење на состојбата на акумулациите, речните корита и каналите за наводнување и одводнување по најавите за обилни врнежи, Подружницата во Тетово во координација со Кризниот штаб на Општина Тетово во временскиот период од 13 до 16 Мај 2019 интервенирала на следните локации:
Чистење и санирање на коритото на Речичка река, во должина од 500 метри, која за време на обилни дождови последната седмица, се излеваше на патот Тетово-Гостивар.
Чистење на плочастиот пропуст од наносен материјал и отпад во Палчишка Река (делот што го сече автопатот Тетово-Гостивар, на 100 метри од патарината).

Покрај вонредните активности, вработените во Подружница Тетово продолжуваат и со редовните активности во рамките на успешното започнување на сезоната за наводнување: чистење на магисталниот канал “Радиовце-Бистрица” во атарите на селата Долно Палчиште и Голема Речица во должина од 2 км (покрај автопатот Гостивар-Тетово), чистење на дел од магистралниот канал “Радиовце-Пена”, во должина од 2 километри (од Палчишки мост кон Тетово до железничката пруга, покрај автопатот Гостивар-Тетово). Отворен е и, за првпат, пристапен пат покрај каналот во овој дел. Се работи и на репарирање на вратите од каналот , на поставување на решетки на зафатите од каналот кон системите. Машински и рачно се чистат браздите (бетонски и земјени) во должина од 20 километри.

Повеќе...

2019 05 14 11.01.47Подружницата “Брегалница“ на АД “Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост со седиште во Кочани организираше прес-конференција (понеделник, 13 Мај 2019) на која беа демантирани наводите на одредени земјоделци кои деновиве преку одделни медиуми се пожалија дека каналите за наводнување на оризовите површини не се доволно и навреме исчистени.

Повеќе...

СтрежевоИ покрај зачестените врнежи во последните денови, опасноста од поплави по земјоделските површини во Пелагонија нема бидејќи речните корита се исчистени, каналската мрежа е во добра состојба и засега нема опасност од нивно излевање, а акумулациите се подготвени да ги прифатат надојдените водотеци. По најавата на синоптичарите за зголемени врнежи од дожд, екипи од АД “Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост го зголемија присуството на терен и будно ја следат ситуацијата во случај при појава на свлечишта веднаш да интервенираат. Реките се чисти, реката Црна е чистена во 2016 и 2017 година комплетно, таму не очекуваме да има проблем, река Шемница е чистена до Бели Мост и реката Драгор е чиста. Примарните канали, 15 на број, редовно се одржуваат, се во добра состојба и можат да ги прифатат најавените врнежи. Моментално нема опасност од поплави. Нивото на река Црна е на 90 сантиметри, не би требало да има никакви проблеми се дури не дојде до 2,50 метри“, изјави Дејан Заровски од подружницата на АД “Водостопанство на РСМ“ во Битола.

05.04 2Главниот извршен директор на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија" г-дин Илми Селами ја посети локацијата "Камен Дол" во Кавадаречко, каде што се во тек работни активности санирање на сифон Макарија на главен магистрален канал, а со цел успешно започнување на сезоната за наводнување.

13 Април, 2019 година
Денес во просториите на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија" во државна сопственост, Главниот извршен директор Илми Селами, оствари работен состанок со Николче Бабовски, Директор и Абдулселам Селами, Заменик директор на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.
На состанокот двете страни меѓусебно беа информирани за тековните активности и беше констатирано дека досегашната меѓусебна соработка е одлична проследена со заеднички активности за взаемна подршка во секојдневното работење.
Со цел зајакнување и продлабочување на соработката и формализирање на истата, двете страни потпишаа Меморандум за соработка за техничка помош и подршка пред се во делот на поуспешно спроведување на потребните теренски контроли како и взаемна подршка во опрема, простории и слично.

viber image 2019 02 27 09.38.25Извршниот директор на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија" г-дин Илми Селами претстојуваше во работна посета на "Водостопанство на Бугарија EAД". На средбата со раководството на Бугарското водостопанство, предводени од г-ѓа Снежина Динева, беа разменети мислења и искуства за тековните активности и предизвици . Воедно беше упатена и покана за возвратна посета на колегите од Бугарија.

Извршниот директор на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија" г-дин Илми Селами ја посети подружницата во Прилеп. Работната средба со вработените во подружницата "Прилепско Поле" се одржа во насока на координација на започнатите теренски активности, а со цел на поуспешно започнување на сезоната за наводнување.

5Екипи на АД. Водостопанство почнаа со теренските активности со цел поуспешно и поефикасно започнување на претстојната сезона на наводнување. Активностите на терен опфаќаат чистење на канали, поставување на цевки во канали, утврдување и отстранување на дефекти, лоцирање на диви приклучоци во цевководи.
За напомена, А.Д. “Водостопансво на Р.М.” ги користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во целина, заради: снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби), снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, уредување на речни корита, одводнување на земјиште, одведување на испуштени води...

 Во прилог се слики од активностите на терен.

Повеќе...

vozen parkАД “Водостопанство на Република Македонија“ го обнови возниот парк со четиринаесет (14) нови теренски возила “Dacia Duster“ за потребите на дирекцијата и подружниците. Со оваа набавка АД “Водостопанство на Република Македонија“ ја подобрува вредноста на материјалните средства и ја подобрува старосната структура на опремата, а воедно и ја подобрува динамиката на работата, со цел поквалитетна услуга на граѓаните.

poseta bregalnicaИзвршниот директор на АД “Водостопанство на Република Македонија“ г-дин Илми Селами ги посети подружниците во Гостивар и “Брегалница“ со седиште во Кочани. На работната средба се изврши делбен биланс и се утврдија реоните на делување и одговорност помеѓу подружницата во Гостивар и новоформираната подружница во Тетово, и помеѓу Кочани и новоформираните подружници во Свети Николе и во Берово.

„На сите вработени во АД Водостопанство на Р.М, Ви ја честитам Новата 2019 година со желби за добро здравје на Вас и Вашите семејства, успех на работните места, многу среќа, мир и спокојство.

Rabotilnica1АД „Водостопанство на РМ„ организираше Работилница за изработка на стратешки документи на ова институција за наредната 2019 година.
Вработените на АД „Водостопанство на РМ„ имаа можност да дискутираат и разменат искуство за начинот на подготвување на стратешките документи на оваа институција за наредната година како: Финанскиски план, План за јавни набавки, Годишна инвестициона програма и други важни документи. Присутен на оваа Работичница беше и извршниот директор на АД „Водостопанство на РМ„ , г-дин Илми Селами.

45872894 660444634351779 5387081538393341952 oОпштина Новаци заедно со АД Водостопанство на Р.М. подружница Битолско Поле – Битола интензивно работат на чистење на одводните канали и нивно постојано одржување на територија на општина Новаци .
Денеска на терен извршија увид градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на подружница Битолско Поле -Битола Стојан Георгиевски.

"Во соработка со АД Водостопанство на Р.М подружница Битолско Поле -Битола уште во месец септември започнавме акција на интензивно чистење на одводните канали на територија на о. Новаци со цел во претстојниот зимски периот и рана пролет ги избегнеме несаканите последици од евентуално поплавување на земјоделските површини и домови на локалното население .Комплетно исчистените канали ке имаат поголем капацитет да собираат вода со тоа што ќе бидеме подготвени и безбедни во услови на висок водостој на реките и одводните канали .Се заврши со чистење на Живоински порој , моментално се чисти Новачки одводен канал во должина од 12 км , паралелно се чисти порој чагор од патот с.Гнеотино-с.Брод до влив со река Црна, исто така и се оспособуваат трите испусти кај река Црна со замена на цевки и чистење околу испустите".-истакнува градоначалникот Кузманоски

На ден 13.09.2018 година со машината Volvo се започна со чистење на Живоински порој во близина на село Живојно по барање на месното население и во соработка со Општина Новаци, со чистење ситна вегетација, и вадење на наносен материјал со оформување на коритото и разистирање на извадениот материјал. Во изминатиот период до 15.10.2018 година се изврши чистење на Живоински порој како и на одводни канали низ с.Живојно во прилог се фотографии од чистењето.

Повеќе...

resenijaИзвршниот директор на А.Д.Водостопанство на Република Македонија, Илми Селами денес официјално им ги додели решенијата за работа на ново вработените кои се примени на работа врз основа на јавниот оглас на институцијата. Станува збор за вработување на 17 нови лица, од кои 14 се преставници на Албанската етничка заедница, двајца се етнички Македонци и едно лице од Турската етничка заедница.
Реализацијата на овие вработувања се врши врз основа на Програмата за вработување на институцијата со што се почитува принципот на правична и соодветна застапеност во согласност со законските одредби.
Директорот Селами им посака успех во работата на ново вработените, потенцирајќи дека со нивната професионалност ќе придонесуваат за успешно фунскионирање на оваа институција.

18181Извршниот директор на АД “Водостопанство на Република Македонија“ г-дин Илми Селами заедно со државниот секретар на Министерството за земјоделство Нефрус Челику, директорот на Агенцијата за промоција на развојот на земјоделството - Битола Елгафар Јусуфи и заменик директорот на Катастар Муса Ибраими, ја посетија општина Долнени каде што се сретнаа со градоначалникот на оваа општина Џемил Ќамили.
Посебен акцент на оваа средба беше ставен на развојот на земјоделството и проектите кои се реализираат со цел да се стимулира и да се зголеми развојот на земјоделството како еден од главните извори на жителите на оваа општина и регионот во целина.
Тие, исто така, ги посетија и точките за акумулација на водата Борино 1, Борино 2 и Десово, кои се користат за наводнување на земјиштето. Системите за акумулација на вода и системите за наводнување се оштетени, со што се спречува наводнувањето и одгледувањето на тутунот и други земјоделски култури. Директорот Селами и државниот секретар Челику истакна дека приоритет е реконструкцијата на овие системи со што истовремено ќе се подобри и развојот на земјоделството во овој регион.

Повеќе...

brana.prilep3

АД „Водостопанство на РМ“ подружница „Прилепско поле“започна со контролирано испуштање на водата од акумулацијата „Прилеп“. Испуштањето на водата се врши по завршувањето на сезоната за наводнување 2018 година, за кое водокорисниците беа соодветно известени преку медиумите.

Истото се спроведува заради реализација на ревидиран проект „Реконструкција на темелен испуст на Брана „Прилеп“ изработен во месец Јули 2017 година.

Исправноста на темелниот испуст е многу важна и за евентуално контролирано испуштање на водата во случај на елементарни или други непогоди а со цел да се обезбеди доволен простор за апсорбирање на вода при поројни дождови и поплави. Средствата за реализација на овој проект во износ од околу 9.000.000,оо денари се обезбедени од UNDP. Браната и акумулацијата „Прилеп“ се пуштени во употреба во далечната 1967 година и до сега не е вршена реконструкција на темелниот испуст. 

Повеќе...

 IMG 7111 resizeИзвршниот директор на А.Д. „Водостопанство на Република Македонија„ Илми Селами, денес (петок, 31.08.2018) присуствуваше на отпочнувањето на градежните активности за изградба на системот за наводнување во Равен - Речица, тетовско. На овој настан учествува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи министри, заменици министри, државни секретари, градоначалници на општините од полошкиот регион и други носители на јавни функции.
 Оваа капитална инестиција е од огромно значење пред се, за граѓаните од овој регион, но секако и за целата држава. Од оваа акумулација, која опфаќа површина од 3920 хектари, ќе се наводнува земјоделската површина која се протега од десната - горната страна на автопатот Тетово - Гостивар до подножјето на Шар Планина. Покрај оваа земјоделска површина, со овој систем за наводнување ќе се опфати и дополнителна нето површина која се наоѓа под автопатот Тетово – Гостивар, и ќе се наводнуваат 3300 хектари земјоделска површина во општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

 

 

Повеќе...

BaranaLipa1Брана Липа, Неготино. Прекрасен предел. Браната која значи живот за земјоделците и сточарите од овој крај е целосно реконструирана со помош на Европската унија. Проектот го спроведува УНДП во партнерство со АД Водостопанство.

 

 

 

 

Повеќе...

Вработените во АД Водостопанство на РМ - Подружница Берово по трет пат во акцијата за чистење на пределот околу Беровско езеро.

Ова е еден позитивен пример за тоа како самоиницијативно и институционално треба да делуваме во сферата на општественото живеење а со цел да си ја заштитиме животната средина и да ја збогатиме туристичката понуда на градот.

Извршено е косење на обрасната трева на повеќе локации, соберена е голема количина на комунален одпад од пешачката патека околу Беровското Езеро и се окастрени оштетените изданки и гранки.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски поздравувајќи ја ваквата позитивна иницијатива, упати благодарност до сите вработени во АД Водостопанство на РМ- подружница Берово, вклучени во акцијата и посочи дека ваквото системско делување е вистински позитивен пример за една институција, која треба во пракса да ја применат сите, со цел да си ја зачуваме и негуваме животната средина.

  Во периодот јануари и февруари се отпочна со работа на отворените магистрални канали. Беше извршено прочистување од самоникната нискорастечка вегетацја, грмушки и дрвја покрај каналот. Таа активност се одвиваше на различни делови од отворените канали до крајот на февруари.
  На 1-ви Март се започна со чистење на отворените канали од нанос и обраснатост на кампадите од вегетација и забастеност на истите. Чистењето се одвиваше рачно, а на места каде што има повеќе нанос се вклучуваше механизација. Исчистени се 29 километри отворени канали до крајот на март.
  Во текот на месец Април се вршеше монтажа на демонтирани хидрантски глави, кои се извадени веднаш по завршувањето на сезоната за наводнување, се изврши и сервисирање на одредени елементи кои беа оштетени.

Повеќе...

АД Водостопанство на РМ - Подружница Кумановско - Липковско Поле Куманово во изминатиот период изврши чистење на одводен канал во с. Љубодраг и дислоцирање на изваден материјал (муљ), чистење на речно корито во с. Агино Село и дислоцирање на изваден материјал (муљ), чистење на одводен канал во населба Карпош, чистење на речно корито во с. Шупли Камен како и чистење на река Липковка од каде е изваден и дислоциран наталожениот материјал (муљ). Ова се дел од активностите што Подружницата Кумановско-Липковско Поле ги имаше во изминатиот период покрај секојдневното одржување на системот на ХМС.

Повеќе...

IMG 6886Извршниот директор на АД "Водостопанство на Република Македонија" г-дин Илми Селами и Државниот Секретар на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, г-дин Нефрус Челику, на 30.07.2018  го посетија Полошкото поле, односно каналот за наводнување Радовице - Бистрица.
Директорот на АД "Водостопанство на Република Македонија" г-дин Илми Селами истакна дека тимовите за водостопанство го чистат каналот за наводнување на земјоделско земјиште во овој дел од полошкото поле.
"Целта на оваа посета е да видиме од блиску како тече чистење на каналот Радовице – Бистрица. Наша цел е што по бргу да се чисти овој канал и земјоделците од овој регион да можаат да ja користат водата за наводнување на земјоделското земјиште", истакна директорот Селами и државниот секретар Челику.
Инаку, оваа интервенција ќе овозможи склучување на нови договори за наводнување од овој систем, како и зголемување на земјоделските површини.

 

Во периодот од 13.07.2018 до 20.07.2013 според програмата за работа на АД Водостопанство на Р.Македонија беа извршени следните активности


Подружница Битолско Поле – Битола

- чистење на Добрушевски одводен канал. При чистењето беше изваден наносен материјал, како и крупна и ситна веѓетација.
- чистење на одводен канал во село Црнобуки со цел заштита на земјоделските парцели од можноста за евентуално поплавување

Подружница Кумановско Липковско Поле - Куманово

- чистење на одводен канал во село Горно Коњаре
- чистење на одводен канал и речно корито во село Умнидол и Шупли Камен

Повеќе...

Извршниот директор на А.Д. „Водостопанство на Република Македонија„ г-динот Илми Селами денес (сабота, 21.07.2018 година) присуствуваше на настан на кој беше означен почетокот на изградбата на вештачката акумулација Конско во Гевгелискиот регион. На настанот свои обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, г-динот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-динот Љупчо Николовски. Проектот се смета за еден од најголемите инфраструктурни проекти во овој регион во изминатите 50 години. Хидросистемот „Конско“ за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за Дојранското езеро.

IMG 6541Екипи на АД. Водостопанство на 02.06.2018 извршиja поправка на главниот цевковод во Подржницата “Прилепско Поле” – Прилеп. После интервенцијата на екипите на Водостопанство главниот цевковод е функционален.
А.Д. “Водостопансво на Р.М.” Подружница “Прилепско Поле” – Прилеп ги користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во целина.

А.Д. “Водостопансво на Р.М.” Подружница “Прилепско Поле” – Прилеп ги користи, одржува и стопанисува со системите за наводнување и одводнување во целина, заради: снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби), снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, уредување на речни корита, одводнување на земјиште, одведување на испуштени води...

Извршниот директор на АД Водостопанство на Република Македонија, Илми Селами заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Ѓорѓиевски, денес ( петок, 01.06.2018 година) го посетија селото Страчинци општина Гази Баба каде се отпочна со чистење и средување на одводниот канал кој беше комплетно уништен во поплавите што во 2016 година го зафатија овој регион.

Со ова се започнува со чистење на сите суводолици и канали кои припаѓаат на регионот на Скопска Црна Гора а беа унишнети со невремето пред две години.

Оваа активност се предвидува да заврши во текот на оваа година за што истовремено е побарана поддршка од Владата на РМ и од другите институции.

0 02 04 1fe2728f8a6886d38fd1d92a69fc4820faeb7aa6e765468b5950d7b771f95d52 b61702d0Извршниот директор на А.Д. „Водостопанствона Република Македонија „ г-дин Илми Селами и Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство г-дин Лупчо Николовски на 27.04.2017 година го посетија местото наречено Бука, КО Мојанци, каде се започна со наводнување на оризовите површини за наводнителна сезона 2018 година.

Наводнувањето ќе се извршни на целата територија на делување на подружницата Брегалница, за што во акумулациите Калиманци и Гратче има доволно количини на вода.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.