АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Каналот Лоиште е нефункционален повеќе од 15 години и му беше потребна санација и обновување,особено во делот кај што се бетонските плочи пред цефководот.
Каналот е со вкупна должина од 2300 метри од кои 550 метри е цефковод, а 1750 метри е отворен, земјен, трапезест канал кој на некои делници е изграден од бетонски плочи.
По отстранувањето на разниот вид отпад и нанос од каналот, како и сечење на гранките кои ја попречуваа работата се продолжи со санација на каналот Лоиште.
Делот за санација изнесува околу 30 метри, од кои 20 метри се избетонираа од ново, а останатиот дел кој беше помалку оштетен се оспособи со санација на паднатите постоечки бетонски плочи и спојување на деловите кои се искршени.

loishte1loishte2loite3loishte4

 


Се чистеше и каналот за Долни Косел во местото викано Вир. Рачно беа исчистени повеќе од 1000м затрупан канал со нанос од земја, суви лисја, искршени гранки, пластични шишиња, пластични кеси и друг вид ѓубриште. Исто така се исчистија и сите мостови и прелази со цефки, кои беа затрупани и полни со нанос.

Vir1vir2vir 3vir4

Машински, со багер, се чистеше и во местото викано Бучало, како и во Долни Косел, покрај реката и во полето.

Dolni Kosell1Dolni Kosel2


Од страна на Подружница Црн Дрим – Охрид беше извршен увид и во село Велгошти, на Велгошка река (река Сушица), која од обилните дождови беше излеана од своето корито. Тогаш привремено се направи насип, за да нема излевање и поплавување. На ден 26.03.2021 година со помош на багер и неколку работници, се исчисти коритото на реката, со земја се пополнија браздите што беа раскопани од водата, и со тоа се санираше штетата што беше направена.

velgoshti1velgoshti2velgoshti3velgoshti4

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.