АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

9Подружница “Прилепско поле“ Прилеп ги заврши планираните активности околу оспособување на ХМС за наводнување на тутунски расад за сезоната 2021 год.
Делот од системот за наводнување на тутунски расад е комплетно ставен во функција според предвидениот план и програма на подружницата.
Санирани се два дефекти на главниот десен канал на ХМС на АЦЦ цевка Ф 900 мм.
Во тек се санирања  на помали дефекти на хидромеханичката опрема на останатиот дел од системот за наводнување. ( шибер вентили, воздушни вентили и сл.)
Во моментов акумулацијата располага со сса 4.500.000 м3 вода т.е 75 % од вкупниот капацитет од 6.030.000 м3 што означува дека водокорисниците треба да очекуваат успешна сезона за наводнување 2021 година.
Подружницата започна со склучување на договори за наводнување за сезоната 2021 година под истите услови како и претходната година.

 

Во тек се санирања  на помали дефекти на хидромеханичката опрема.
Останатиот дел од ХМС “ Прилепско поле “ како што традиционално се оспособуваше секоја година така и оваа сезона се планира да се стави во фунција почнувајќи од крајот на месец Април до крајот на месец Мај според предвиден распоред за полнење на каналите кој ќе биде објавен на огласна табла на подружницата, на веб страната на АД„Водостпанство на РСМ“ – Скопје, како и на еден локален медиум, со цел водокорисниците бидат навремено информирани.
Покрај ХМС “ Прилепско поле “ во функција за наводнување на тутунски расад се ставени и двата микросистеми ХМС Десово и ХМС Браилово.
Во прилог објавуваме фотографии од реализираните активности на терен.
На ден 26.02.2021 настанат е дефект на Блатен испуст К -14-16 затварач на шибер. На истиот е поставена слепа фланша со диктон.

1 2

Санирање на дефект во село Десово - пукната цевка Ф 160 е заменета со нова цевка Ф 160 и U-KS Ф 160.

345

Повратен канал од прелив на Студенчица

 Во деновите од  02.04.2021  до 05.04.2021 саниран е дефект на Повратен канал во населба Тризла - цефка Ф 600. Сменети се 2 вентили од цол.

67

Главен канал Десна падина

 На ден 09.03.2021 год.настанат е дефект на Главен канал Десна падина наспроти Економски Факултет Прилеп каде е пукната цевка Ф 900 на спој.

Сменети се гумици и додадена  жибо спојка со 4 нови навојни штрафови.

891011

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.