АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

1Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, Васко Стефанов,на ден 14.04.2021 година  присуствуваше на меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во Кавадарци, во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата Тиквеш, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво.

Состанокот беше организиран од страна на АД ЕСМ и на истиот присуствуваа Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, директорот на АД „Водостопанство на РСМ“, Васко Стефанов, тројца пратеници од Тиквешијата, Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, градоначалникот на Неготино Тони Делков, како и концесионери од други дејности.

АД „Водостопанство на РСМ“ ги информира водокорсниците дека во моментот вода за наводнување има, а котата во следните денови ќе се зголемува. ХЕЦ Тиквеш веќе извесно време не произведува електрична енергија со цел акумулацијата да се исполни до котата 245мнв. која што е потребна за непречено наводнување во вегетацискиот период кој е пред нас. Денеска котата изнесува 242,52мнв. што потврдува дека во моментот има вода за наводнување.

 

            По обемната дискусија во која беа вклучени сите присутни субјекти, а со цел да се обезбеди пооптимална состојба на акумулацијата и задоволување на потребите на сите субјекти чии дејности се потпираат на зафаќање вода од истата или на друг начин се поврзани со Тиквешкото Езеро, се утврдени нацрт-заклучоци кои ќе бидат доставени до сите надлежни институции на реализирање, а кои ќе бидат објавени со цел запознавање на јавноста за мерките кои ќе бидат спроведени за во догледно време да се обезбеди континуирано одржување повисоко ниво на вода во Тиквешкото Езеро.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.