АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

1Котата на водата во акумулацијата Тиквеш во 8:00 часот на 16.04.2021 година е 243,2 м.н.в.
Пуштено е околу Q=2,5 m3/s вода од Затварачница во Заедничкиот магистрален канал
и во Лев магистрален канал до МХЕЦ во вкупна должина од 9 км.
Исто така пуштена е водата и во групниот канал ГК-1 кој со вода се снабдува од ЗМК
и во сите делнични линии од ЗМК.

 

Како и секоја, и оваа година 2020/21 во периодот помеѓу две наводнувачки сезони, Подружница Тиквеш ги превзема сите потребни дејствија за редовно одржување и подготовување на објектите и инфраструктурата за наводнување за предстојната наводнувачка сезона.

Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Интензивно се работеше и сеуште се во тек последните активности за чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаат теренските услови. Заедничкиот магистрален канал во должина од 7 км е искастрен и кастрениот материјал е изваден од каналот и запален. Десниот магистрален канал е искастрен рачно во должина од 29 км, а останатото е отстрането машински и кастрениот материјал е запален, а исчистен е наносот по должина од 7 км. Левиот магистрален канал е искастрен во должина од околу 20 км и се работи на негово чистење од нанос.  Извршено е кастрење на групниот канал К-37, како и машинско чистење на наносот по целата должина на каналот. Извршено е рачно чистење од вегетација и нанос и на канлот К3 од ХС Бошава, каналот од ХС Пепелиште, како и машинско чистење на Дошничкиот Јаз во Демир Капија. Извршено е отстранување на четири оштетени кампади од Заедничкиот магистрален канал и изведени се нови армиранобетонски кампади.

Работено е и на санација на сифоните, како составен дел на каналската мрежа. Вршени се поправки на сифон „Макарија“, а во тек се работи на санација на сифон „Возарци“.

Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи, како и на изработка на нови решетки за на влез во сифоните и за зафатите на вода.

Извршено е чистење на наносот од усисните базени на пумпните станици. Извршена е поправка на кранот во пумпната станица „Марена“, а сега се вршат поправки на пумпните агрегати во оваа пумпна станица.

Заради заштита од поплави, извршено е чистење на коритото на река Вардар од заглавени стебла и гранки и нанос помеѓу стопите на Пепелишки мост, мостот кај с. Бистренци и мостот кај с. Корешница.

 

Машинско чистење на нанос од ДМК

1

Машинско чистење на К-37

2

Рачно чистење на нанос од ДМК

3

Бетонирање на оштетени кампади на ЗМК

4

Санација на сифон Макарија

5

Санација на сифон Возарци

6

Изработка на метални решетки

7

ПС Љубаш: Чистење на усисен базен

8

ПС Марена: Поправка на кран

9

ПС Марена: Поправка на пумпни агрегати

10

15.04.2021 год.  Пуштена водата за наводнување во ХС Демир Капија

1112

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.