АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

4Вработените во АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје, Подружница Брегалница - Кочани ја пуштија водата од каналите во оризовите површини во месноста Сазл'к, со што официјално започна сезоната за наводнување и сеидбата на ориз.
За почеток на наводнувањето се користат проточните води од реките во регионот, а до крајот на месецот ќе бидат ставени во функција левиот и десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“.  
Раководителот на подружницата Дени Митров во изјава за МИА истакна дека во моментот во браната Калиманци се акумулирани околу 110 милиони кубни метри вода, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекува таа дополнително да се наполни. Најголем дел од каналите се исчистени, иако работниците се постојано на терен  за да ја довршат подготовката на местата каде има извесни проблеми, изјави Дени.
Од подружницата очекуваат успешна реализација на наводнителната сезона , а годинава имаат зголемување на површините што ќе се засеат со ориз, односно според планот тие достигнуваат. 4.200 хектари, во кои влегува и делот кај штипското село Крупиште.

 

Приоритет во оспособувањето и чистењето на каналската мрежа за наводнување имаат местата каде најпрво се пушта водата, а градежната механизација во моментот е ангажирана во атарот на селото Облешево. Веќе е направено и пробно пуштање на водата во десниот магистрален канал на делницата до село Оризари, останува мал дел за бетонирање на оштетувањата меѓу селата Спанчево и Жиганци, по што тој ќе биде подготвен за користење.

Од подружницата Апелираат до земјоделците навреме да ги завршат подготовките на нивите за сеидба на ориз и да се придружуваат кон планот за наводнување кој ќе биде објавен во сите месни заедници.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.