АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

1Врз основа на Договорот за деловна соработка склучен помеѓу АД „Водостопанство на РСМ“ - Скопје и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кој се одобрени финансиски средства во износ од 40.000.000 денари за реализација на дел од Планот за годишна инвестициона програма за 2021 година, а по спроведената постапка за јавна набавка се потпиша договорот за Рехабилитација на Основен проект на челичната облога на сифoн Макарија со ДПГТУ Пескара Вел Дооел Велес.

''Денес во просториите на АД Водостопанство на РСМ, во присуство на директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, од која се обезбедени финансиски средства за санација на сифонот Макарија, потпишавме договор со одговорно лице Јосиф Манев од Пескара Велес за реализација на проектот'', изјави Главниот извршен директор на АД '' Водостопанство на РСМ'' - Скопје, Васко Стефанов.

Со реализација на овој договор ќе се реши долгогодишниот проблем со сифонот Макарија, ќе се анулираат количинските загуби и филтрација на вода, кои до сега ги имаше сифонот Макарија, ќе се анулираат штетите од водата, која е продукт на филтрација и ќе се подобри наводнувањето со овозможување на дополнителни количини на вода по Левиот магистрален канал од ХМС Тиквеш.

 

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.