АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

JVD2Преку капиталната инвестиција „Проект за наводнување на јужната долина на реката Вардар“ и инвестирањето во водостопанската инфраструктура, се овозможуваат доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини во валандовскиот регион.
Системот за наводнување "Јужна Вардарска долина" е проект од огромна важност за граѓаните, бидејќи истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година. Земјоделците и граѓаните од овој регион добиваат модерен систем за наводнување за нови 2150 хектари.
Дистрибутивните мрежи се во својата завршна фаза на изградба, природните ресурси се паметно искористени, а квалитетна вода во јужновардарскиот регион до почеток на летото ќе биде достапна за секојa педа земјоделско земјиште во регионот.  
Проектот е вреден 24 милиони евра и се финансира преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка "KFW" и со средства од Владата на Република Северна Македонија.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.