АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

6Системот за наводнување од брана Чаушица во општина Босилово кој ќе ја покрива територијата на селото Дрвош и Хамзали е завршен и предаден на користење на АД„Водостопанство на РСМ“, Подружница Струмичко поле – Струмица.
Станува збор за хидросистем во рамките на проектот за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводување што го финансира ЕУ. Со истиот систем се решава проблемот со наводнување на површините над каналот Турија а ќе го користат жителите на Дрвош и Хамзали.
Областа Чаушица се наоѓа на територијата на селото Дрвош и Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.
Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ беше предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.
Капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на системи за наводнување и брани се клучен приоритет бидејќи наводнувањето е основа за конкурентно земјоделско производство.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.