АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

179095109 385052332540787 1727297522037087553 nОд страна на Подружница Тиквеш – Кавадарци, на 29ти април (четврток) беше пуштена водата во Десниот магистрален канал од ХМС Тиквеш, на делницата од Разделна градба до сифон Марена (L=13,6 km). Со тоа е овозможено пуштање во употреба на сите делнични линии во атарите на селата Трстеник, Манастирец и Рибарци, како и на групниот канал ГК-3.

Во периодот од 19.04.2021 до 25.04.2021 година се вршеше тековно чистење и одржување на каналите на хидроцелините 1 и 2, како и на ХЦ Макарија.

Чистење и одржување на ХЦ 1 во периодот од 19-25.04.2021 година:

- Кастрење на вегетација и изнесување на искастрениот материјал на групен канал К-3 во должина L=1.200m.
- Кастрење на вегетација на групен канал К-2 во должина L=300m.
- Кастрење на вегетација на групен канал ГК-3 во должина L=500m.

Чистење и одржување на ХЦ 2 во периодот од 19-25.04.2021 година:

- Кастрење на вегетација на ДМК на стационажа 24+800 – 24+820 со вкупна должина од L=20m.
- Рачно чистење на нанос на ДМК на стационажа 24+456-24+500 и 24+660-24+980 со вкупна должина од L=364m.
- Рачно чистење на нанос од 2 таложници и 4 патни премини на ДМК возводно од SV41.
- Кроење арматурна мрежа за бетонирање на 19 кампади на ДМК помеѓу SV54 и SV55 со димензии 1,70х3,95м.
- Рачен ископ на дефект на сифон Тремник, кој е дел од ДМК.
- Рачен ископ на дефект на разделен цевовод RV2/69 од ДМК.
- Заварување на 1 хидрант на DV18/37.
- Рачно чистење на нанос од 9 таложници и 9 патни премини на групен канал К-37, од Рзделна до GV7.
- Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Војшанци и палење на истите, на вкупна должина од L=150m.
- Кастрење и сечење дрва во профилот на каналот Корешница и палење на истите, на вкупна должина од L=150m.

 

Чистење и одржување на ХЦ Макарија во периодот од 19-25.04.2021 година:

Чистење од нанос и палење на искастрениот матерјал на ЛМК и тоа:
- Помеѓу сифон Сирково и после сифон Крушевица во должина од 2500 м,
- Од Водовратска Река спрема ДВ 41 во должина од 2000м и
- Помеѓу сифоните Камен Дол и Калуѓерска Чешма во должина од 500 м.
На ЛМК останува за чистење нанос и палење на искастрениот матерјал околу 3000 м должина, од кој на околу 700 м има нанос повеќе од 10 см на дното од каналот за кој е потребно повеќе време и работна сила за да се исфрли.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.