АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

4Подружница „Свети Николе“ – Свети Николе во среда, на 06.05.2021 година, започнува со сезоната за наводнување. Најпрво водата ке биде пуштена од Десниот магистрален канал на Хидросистемот Брегалница, од испусните места ГК-13 И ГК-14, а проточните води од река Злетовска ќе бидат пуштени после 07.05.2021 година.

Во изминатиот период во Подружница Свети Николе е завршено чистењето и припремата на земјeната и бетонската каналска мрежа за наводнување. Се работеше на чистење на каналската мрежа за наводнување во полињата каде се засејува оризовата култура во атарот на селата Крупиште, Уларци, Жиганци и Пишица. На територијата на овие населени места вкупно се исчистени 33100 метри каналска мрежа за наводнување од кои машински се исчистени 24800 метри, а рачно 8300 метри. Истовремено се вршеше и замена, санација и пополнување на фугите на оштетени каналети кои се дел од групниот канал за наводнување ГК-13

Исто така тековно се работи и на припрема и одржување на затворениот систем за наводнување каде во изминативе две седмици се изврши замена и вградување на 8 АЦЦ цевки со дијаметар од Ф150 до Ф350 и 4 репаратурни спојници и 2 максифит спојници.

 

Ископ, демонтирање и монтирање на цефка со Ф350 КО Медово

1

Ископ, демонтирање и монтирање на цефка со Ф200 КО Азамбегово

2

Ископ, демонтирање и монтирање на цефка со Ф200 КО Каратманово

3

Ископ, демонтирање и монтирање на цефка и максифит спојници со Ф200 КО Каратманово

4

Ископ, демонтирање и монтирање на цефка со Ф250 КО Црнилиште

5

Ископ и монтирање на приклучок од цефка со Ф150 КО Пишица

6

Рачно чистење на канал за наводнување  КО Жиганци

7

Ископ и припрема за монтирање на репаратурна спојница  со Ф250 КО Крупиште

8

Санација на скршени каналети во КО Жиганци

9

Местење на цевки за спојување на два земјани канали КО Жиганци

10

Местење на цевка за спојување на две земјани вади КО Крупиште

11

Местење на каналети во КО Крупиште

12

Рачно чистење на вади во КО Жиганци

13

Рачно чистење на вади во КО Пишица

14

Машинско чистење на вади во КО Жиганци

15

Машинско чистење на вади во КО Крупиште

16

Машинско чистење на вади во КО Пишица

17

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.