АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, во месец април 2021 година, машински се исчистени 5650 метри и рачно 250метри односно вкупно 5900 метри каналска мрежа за одводнување и тоа :

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Огњанечки канал во должина од 600 метри.

Во период од 02.04.2021 година до 05.04.2021 година за два работни дена машински се доисчитени 600 метри каналска мрежа за одводнување која беше обрастена со вегетација. Каналот се чистеше со багер Liebherr 916. Останува околу 300 метри од овој канал кој ќе се доисчити во месец мај. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 

 12

- Канал Егленче исчистен во должина 250 метри.

Во период од 08.04.2021 година до 20.04.2021 година за седум работни дена рачно се доисчистени 250 метри каналска мрежа за одводнување која беше обрасната со вегетација и шут. Вегетацијата и шутот од каналот се изнесуваше со трактор. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода.

 34

- Ободен канал ( Чојлија ) во должина од 2000 метри.

На ден 21.04.2021 година е започнато со чистење на Ободен канал кон индустриска зона Чојлија, до 29.04.2021 година за седум работни дена е исчистена каналска мрежа за одводнување во должина од 2000 метри. Каналот се чистеше со гасеничар Sunward. Чистењето на каналот ќе продолжи и во месец мај. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 56

- Канал Баре во должина од 50 метри.

На ден 01.04.2021 година со машина Liebherr 916 се исчистени 50 метри каналска мрежа за одводнување обрастена со вегетација. Овој канал ќе продолжи со чистење во наредните месеци поради специфичноста на теренот.

 78

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

- Инџиковски канал исчистен во должина од 1200 метри.

Во период од 12.04.2021 година до 14.04.2021 година за три работни дена машински е исчистен дел од инџиковски канал во должина од 1200 метри обрастена со вегетација и нафрлен шут. Каналот се чистеше со машина Sunward. Со ова чистење се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 910

- Канал во с. Трубарево во должина од 100 метри.

На ден 28.04.2021 година машински е исчистен дел од канал за одводнување во с. Трубарево во должина од 100 метри. Каналот се чистеше со машина Liebherr 916. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 11

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Ободен канал ( кај Суташ ) исчистен во должина од 200 метри.
На ден 01.04.2021 година е доисчистен Ободниот канал кај Суташ во должина од 200 метри. Каналот беше обрастен со вегетација, а чистењето беше машински со гасеничар Sunward. Со ова чистење се обезбеди нормален проток во каналот.

 1213

- Инџиковски канал во должина 800 метри.
Во период од 12.04.2021 година до 14.04.2021 година за три работни дена е исчистен канал за одводнување во должина од 800 метри кој продолжува од автопат до пумпната станица кај Белви. Каналот беше обраснат со вегетација, а се чистеше со гасеничар Sunward. Со ова чистење се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 1415 

- Канал кај Пекабеско во должина од 700 метри.
Во период од 26.04.2021 година до 27.04.2021година за два работни дена машински се исчистени 700 метри каналска мрежа за одводнување обрастена со вегетација. Каналот се чистеше со машина Liebherr 916 и се ова чистење се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 16171819

 Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

На ден 01.04.2021 година машински се чистеше решетката пред пумпната станица во Таор од наносен матријал и шут. Решетката се чистеше со машина Liebherr 916, а со ова чистње се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 

 2021

 

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.