АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

1Сеидбената кампања оваа пролет ќе се реализира за десетина дена порано од вообичаено, што е одличен предуслов за успешна вегетација  и порана жетва на есен. Ефикасноста во сеидбата се должеше на навремените подготовки и оптималните количини вода кои се дистрибуираат до водокорисниците.

За дури десетина дена порано од лани целосно ќе се реализира сеидбата на оризот во производствениот регион планирана на 4.200 хектари.

Брзата и ефикасна сеидба ја овозможи  квалитетното наводнување од Хидросистемот Брегалница и навремената подготвеност на вадите, деталната, главната и магистралната каналска мрежа, кои овозможија дистрибуција на вода до сите водокорисници.

Преостанатите десетина проценти непосеани површини се во атарите на селата Спанчево и Соколарци,кои традиционално се сеат меѓу последните.

Од Акумулацијата Калиманци,каде има над 110 милиони кубици вода, се испуштаат по 9м³ во секунда,што ги задоволува потребите за наводнување во овој период од сезоната. Добра вест е што пролетва максимално беа искористени протечните води од реките, што овозможи значителна заштеда на акумулираните резерви.

Земјоделските стручњаци ја  оценуваат сеидбата како мошне ефикасна и квалитетна, меѓу другото и поради поволните временски услови, кои овозможуваат успешно поникнување и вегетација на оризовата култура. Тоа значи дека кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе започне фазата на заштита на посевите од плевели, која е мошне значајна за добивање  поголемо и поквалитетно производство.

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.