АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во првата половина од месец мај во подружница „Гостивар“ - Гостивар се извршуваа низа на теренски активности. Машински се чистеше во атарот на с.Тумчевиште, на дел од атарот на с.Форино, општина Гостивар, како и во атарот на с.Добридол, општина Врапчиште.
Во с.Тумчевиште околу три илјади метри беа отворен поток од Врапчишка Река, дел од Река Дебрешница, по која доколку не е исчистена лесно настануваат поплави по атарите на с.Тумчевиште, Форино и Чегране. Во овој поток најпрво рачно, со моторна пила, беа исечени дрвјата за да се исчисти теренот и да стане прооден, за багерот да може непречено да работи.
Во истиот атар е изваден Вентил со цел негово санирање и користење за време на наводнителната сезона, а отворени се и главните и споредните земјени канали за наводнување во истите атари.
Поради запушување на главниот канал Здуње-Пирок во делот од атарот на с.Неготино, вработените во Подружница Гостивар-Гостивар интервенираа во Река Маздрача за да се ослободи каналската мрежа и да има нормален проток на вода. Секојдневно рачно се работи и на Таложниците Галате и Добридол.

 Чистење на потокот од Врапчишка Река, со цел спречување на поплави на дел од с.Тумчевиште, с.Форино и с.Чегране

1234

56

Машинско чистење на земјена бразда во атар на с.Тумчевиште и с.Добридол

78910

Изваден вентил за санирање во атар на с.Тумчевиште

11

Интервенција на Маздрачка Река с.Неготино, општина Врапчиште поради запушување на каналската мрежа

 1213

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.