АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во врска со изнесеното соопштение и дадената изјава од страна на претседателот на здружението ,,Напредни лозари,, Трајче Кулев до медиумите, АД Водостопанство на РСМ – Скопје го издава следниот демант по однос на истото.
Поголем дел од изнесените наводи во изјавата на претседателот на здружението “Напредни лозари” се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба во однос на работењето на АД Водостопанство за тековната сезона за наводнување.
Дадената изјава се однесува поконкретно за Тиквешкиот регион кој е во надлежност на нашата подружница Тиквеш во Кавадарци. Имено во подружницата Тиквеш од почетокот на сезоната за наводнување од 16.04 2021 година постојано се врши редовно и континуирано снабдување со вода за сите категории на водокорисници, освен во краток временски период кога се изврши неопходното редовно чистење на отворената каналска мрежа и санација на настанат дефект.
Заклучно до денес подружницата Тиквеш- Кавадарци има испорачано 65.000.000 m3 вода за потребите на водокорисниците и земјоделците на целата територија на нејзиното подрачје на дејствување.
Поради долготрајните екстремно високи температури и сушата, потрошувачката на вода енормно се зголеми и значително ги надмина капацитетите на хидросистемите и постројките за наводнување.
АД Водостопанство во текот на целиот период од сезоната за наводнување ги презема сите неопходни мерки и ги стави во функција сите моментално расположливи капацитети и ресурси за континуирано снабдување со вода на земјоделските површини опфатени со хидросистемите за наводнување.
На поедини делови од ХМС Тиквеш се појавија одредени проблеми како резултат на намалената количина и недоволен доток на вода од реките и микро акумулациите во системите за наводнување, поради што не постои можност за испорака на вода до одредени земјоделски површини и култури, како што е случајот со каналите за наводнување К-1 и К-2 од ХС Бошава.
Сепак и покрај високите температури и сушата, подружница Тиквеш континуирано испорачува количина на вода од 12,50 m3/sek за потребите на наводнувањето.
Во такви екстремни услови на севкупно зголемена потрошувачка на вода се применуваат посебни мерки со мобилност на сите расположливи капацитети со цел снабдување со вода за наводнување на целата територија на ХМС Тиквеш.
Во делот на дадената изјава за наводнување на паркови и зеленило потенцираме дека наводнувањето, одржувањето и користењето на парковите и зеленилата во град Кавадарци се во надлежност на ЈП Комуналец Кавадарци. АД Водостопанство нема надлежност врз наводнувањето на наведените паркови и зеленила.
Дадената изјава на претседателот на здружението “Напредни Лозари “Трајче Кулев е некоректна и не води кон градење на взаемна доверба, заедничка соработка и реализирање на јавниот интерес на сите корисници на вода.

АД Водостопанство на РСМ-Скопје

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.