АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Во месец Ноември 2021 година е работено според годишниот план на Подружницата Скопско Поле – Скопје за одржување на каналската мрежа, а исто така е исчистена и каналска мрежа која не е предвидена со годишната програма, се со цел нормално функционирање на истата. На територијата на делување на Подружница Скопско Поле- Скопје, во месец ноември машински се исчистени околу десет илјади метри и тоа :

ОПШТИНА ИЛИНДЕН

- Канал А во Општина Илинден со должина од 2800 метри.
Во период од 04.11.2021 година до 25.11.2021 година е исчистен канал А во должина од 2800 метри. Каналот се чистеше машински со мал багер Janmar. Каналот беше обраснет со вегетација и шут. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

12

 

34

- Ободен канал од Арачиново до млекара Суташ во Општина Илинден со должина од 1000 метри.
Во период од 18.11.2021 година до 23.11.2021 година е исчистен дел од ободниот канал во должина од 1000 метри. Каналот се чистеше машински со багер гасеничар Sunward. Овој дел од каналот беше интервентно исчистен поради несовесни граѓани што исфрлаат шут во каналот и поради тоа немаше добар проток на вода во каналот.

56

- Главен канал во Општина Илинден со должина од 3000 метри.
Според годишната програма и акциониот план со Општина Илинден беше исчистен дел од главниот канал во Општина Илинден со должина од 3000 метри во период од 11.11.2021 година до 30.11.2021 година. Каналот беше обраснат со вегетација и наносен матријал, а се чистеше машински со багер гасеничар Sunward. Чистењето на овој канал ќе продолжи и во месец Декември со што ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

78

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

- Аеродром Тав исчистени канали за одводнување во должина од 2250
метри.

    На ден 01.11.2021 година се продолжи со чистење на каналската мрежа во аеродром Тав. Каналот се чистеше до 11.11.2021 година и за девет работни дена е исчистен во должина од 2250 метри. Каналот беше обраснет со вегетација и се чистеше од двете страни машински.

910

1112

ОПШТИНА АРАЧИНОВО

- Ободен канал во Општина Арачиново со должина од 350 метри.

Во период од 24.11.2021 година до 25.11.2021 година беше интервентно исчистен дел од ободниот канал во должина од 350 метри во Општина Арачиново. Каналот се чистеше машински со багер гасеничар Sunward. Овој дел од каналот беше интервентно исчистен иако не е во годишата програма за 2021 година на подружница Скопско поле – Скопје. Поради несовесни граѓани што исфрлаат шут во каналот немаше добар проток на вода во каналот. Со ова чистење се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

 

 1314

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

- Канал за наводнување Стопански двор во Општина Ѓорче Петров со должина од 600 метри.
Во период од 26.11.2021 година до 30.11.2021 година е исчистен канал во стопански двор во Општина Ѓорче Петров во должина од 600 метри. Каналот се чистеше машински со мал багер Janmar. Каналот беше обраснет со вегетација . Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот.

1516

Пумпната станица Таор и во овој период од годината работеше според потребите и нивото на подземните води во каналската мрежа со што е спречено поплавување на земјоделските и станбени објекти на целата територија на делување на ХМС за одводнување.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.