АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

sn22

Драги вработени, корисници на нашите услуги и драги пријатели, Ви ја честитам Новата 2022 година!

Минатата година беше година полна со предизвици и тешка за сите нас како поединци и како држава. Но проблемите постојат за да се решаваат. Ние нашите проблеми или успешно ги решивме или сме на пат да ги решиме.

Тоа ни дава за право со оптимизам да влеземе во 2022 година и да очекуваме дека оваа година ќе биде уште поуспешна за сите нас од АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје.

Со верба во нашата работа и посветеност на задачите кои ни се доверени, ние очекуваме работна и ефикасна 2022 година.

Затоа оваа моја честитка нека биде почеток на една успешна, среќна, бериќетна и полна со здравје и сплотеност 2022 година.

Ако веруваме во себе и во нашата работа на крајот од 2022 година ќе можеме со задоволство да констатираме дека нашите желби и очекувања се остварени.

Среќна Нова Година!

Со почит,
Васко Стефанов
Главен извршен директор

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.