Llokman Limani1Ја информираме јавноста дека Главниот извршен директор на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје со дел од сопствени средства и со помош на Владата на Република Северна Македонија, во износ од 100 милиони денари наменски и неповратни средства, ги исплати заостанатите плати на работниците на крајот од минатата и почетокот на оваа недела.


Во услови на енергетска криза кога цената на струјата е повеќекратно зголемена, а трошоците за одржување се неспоредливи со минатите години, пумпните станици за наводнување не престанаа да работат и сезоната за наводнување беше успешно завршена.
Заради заштита и обезбедување на успешна сезона на земјоделците кои ја користат водата за наводнување како основно средство во обезбедување на добар и квалитетен род, цената на водните услуги не беше зголемена и покрај повеќекратното зголемување на трошоците за одржување на хидросистемите.


„Сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија за истрајноста и разбирањето кое го имаа во овие тешки моменти за нив како вработени и за нас како менаџмент на друштвото. Работниците свесни за кризата која постои, како и за важноста на процесот на наводнување, во ниту еден момент не го прекинаа снабдувањето со вода, за што сум посебно благодарен“, истакна директорот Локман Љимани.


Менаџментот на АД„Водостопанство на РСМ“-Скопје веќе работи на подготовка на проекти за 2023 година со цел поголема одржливост и финансиска стабилност на друштвото.