АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во претходниот период во текот на месец април и почетокот на мај продолжи со редовно одржување и подготвување на системот за наводнување за претстојната 2023 наводнителна сезона. Во изминатиот период се работеше на санација на дефекти како и на машинско и рачно чистење од нанос и вегетација на земјените канали за наводнување.
Машински се исчистени со багер Yanmar земјените вади на полињата со оризова култура. Во КО Пишица во период од 12.04.2023 - 19.04.2023 година. Во КО Жиганци во период од 20.04.2023, 24.04.2023 - 28.04.2023 година. Во КО Крупиште и КО Уларци во период од 02.05.2023 - 05.05.2023 во должина од по 1600 метри на ден. Целосно се исчистени каналите и оваа година има околу 600 хектари посеано со ориз.

 

Истовремено во Подружница Свети Николе се вршеше рачно чистење на отворена каналска мрежа во должина од 10.400 метри, додека машински исчистен канал во должина од 400 метри.
Во КО Врсаково, се работеше на захват RC 18 и RC 19 во должина од 3050 метри.
Во КО Ерџелија на RC 22 и RC 23 рачно чистење во должина од 2920 метри.
Во КО Црнилиште на RC 26, RC 25 и RC 27 рачно чистење во должина од 2020 метри.
Во КО Мустафино на RC 21 - RC 22 рачно чистење во должина од 1300 метри. И на RC 20 – RC 21 во должина од 1200 метри.
Во КО Лозово на RC 30 – RC 31 машински е исчистена земјeна каналска мрежа во должина од 400 метри, како и во атарот на село Каратманово машински се чистеше Десниот магистрален канал.
Подружница Свети Николе продолжи со тековните активности како и со редовните контроли на дневно ниво на водата на Брана Мавровица.
Официјално наводнителната сезона е започната на 10.05.2023 година со зафаќање на проточните води од река Злетовица, додека водата во десниот магистрален канал од Хидросистемот Брегалница се пушти на 15.05.2023 година и се започна со наводнување на полињата со оризова култура во КО Пишица, КО Жиганци, КО Уларци и КО Крупиште. Во населба Три Чешми техничката вода е пуштена на 12.05.2023 година.