Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Во тек е подготовка на пумпните станици за испорака на вода и во високите зони, а ПС Бистренци е пуштена во работа заради потребите од вода за садење и наводнување на раноградинарски култури и овошни насади.

Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за дочистување на секундарната каналска мрежа, како и одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа.