Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во периодот од 05 -09.06.2023 година изврши испорака на вода до крајните општини на делување односно со полнење на линиите на ZG 31 КО Каратманово и нивно регулирање. Се изврши и чистење на хидранти RC 43, 44, 42, 40 во атарот на селата Каратманово, Дорфулија, Аџиматово.
Тековните работи продолжија да се извршуваат односно поради санација на дефекти се продолжи со бетонирање на цевки Ф 350 каде ископот се изврши со машина багер во атарот на село Црнилиште, бетонирање на цевки Ф 150 и Ф 200 во атарот на село Мустафино и Криви Дол. Во КО Свети Николе се изврши ископ на главен цевковод ЗГ 25. Се изврши замена на цевки Ф250C во КО Свети Николе. Беа извршени и останати тековни работи како чистење на хидранти, нивна монтажа, демонтажа на PGS 200 C во атарот на село Мустафино и слично. На RC1 KO Ерџелија се изврши демонтажа и монтажа на PGS 200C каде со машина багер беше извршен ископот. Се изврши и репарирање на шибер вентил во атарот на село Врсаково.
Во прилог фотографии од работа на терен: