sostanokНа покана на неколку компании во Анкара, Истанбул и Едрене, на тема: -Инвестиции на Турција во „Водостопанство“, Главниот извршен директор Локман Љимани беше во неколку дневна посета на Турција.
Директорот имаше чест да се сретне со Mehmet Halil Köprülü, сопственик на компанијата Voltaenerji во Анкара.
Волта Енерџи е гигант во домашни и странски инвестиции, компанија која е фокусирана на многу области во системите за соларна енергија, а тоа се: проектни и инженерски услуги, консултантски услуги, апликации за покриви, земјоделско наводнување, инсталација и одржување и слично.
На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои ефикасно користење на водата, планирање и управување со наводнување, подобрување и модернизација на системите за наводнување со цел еколошка одржливост на проектите во наводнувањето, а најважно од се’ се разменија информации и искуства и се поставија темели за понатамошна соработка.