Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во период од 12 -16.06.2023 година продолжи со одржување и дочистување на каналската мрежа како и санација на дефекти кои се јавуваат по каналската мрежа.
Оваа работна недела се изврши замена на хидрански глави во КО Ерџелија на РЦ 4, поради скршен PGS на РЦ 4 се затвори вентилот до санирање на истиот, се изврши ископ на цевки со машина багер и нивно затрупување на РЦ 1,2 КО Црнилиште. Се изврши обработка на цевки за КО Мустафино и за КО Црнилиште, како и репарирање на шибер вентил.
По извршено примо-предавање, на ден 14.06.2023 година е пуштен во употреба новоизградениот ХМС Пишица во присуство на изведувачот, надзорот и вработени на АД Водостопанство Скопје, Подружница ,,Свети Николе’’ - Свети Николе.
Поради честите врнежи од дожд, се врши дистибуција на вода за наводнување во помал обем се до крајните катастарски општини на делување односно ЗГ 31 КО Каратманово.
Во прилог фотографии од работа на терен: