Во перодот од 19.06.2023 година до 26.06.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, Општина Делчево од нанос и тревна вегетација. Исто така се изврши и санирање на зафатот на река Желевица за Дунски Јаз. Односно беше исчистен Дунски Јаз во должина од 1000 метри и во него беше пуштена вода за наводнување со што и официјално започна сезоната за наводнување во тој регион. Исто така вработените учествуваа во справувањето со поплавите кои ја зафатија Општина Берово после обилните врнежи од дожд.