Во перодот од 03.07.2023 година до 10.07.2023 година вработените во АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, Подружница Берово-Берово извршија рачно чистење на отворената каналска мрежа во с. Тработивиште, општина Делчево, од нанос и тревна вегетација. Исто така беше направено и дополнително санирање на зафатот за Селски Јаз за зафаќање на вода од река Желевица. Во наведениот период се започна и со рачно чистење на отворена каналска мрежа на Горно Поле во с. Разловци.