Подружница „Тиквеш“ врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. На 01.08.2023 се започна со дистрибуција на вода за наводнување и во Левиот Магистрален Канал, откако беше извршена санација на хаварисаниот дел од сифон Макарија. Заради големата побарувачка на вода, во овој дел наводнувањето се извршува со спроведување на рестриктивни мерки.

Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа.

-Пуштена водата во Лев Магистрален Канал низ сифон Макарија

-Санација на дефекти на секундарната подземна цевна мрежа