Подружница „Тиквеш“-Кавадарци се’ уште врши дистрибуција и испорака на вода за наводнување и останати потреби низ отворената каналска мрежа и деталната подземна цевна мрежа од ХМС „Тиквеш“. Се интензивираат работите на проектот за санација на Пумпна станица „Марена“ во вредност од 60.330.000,00 денари. Паралелно со наводнувањето се вршат неопходните активности за одржување и тековна поправка на дефектите кои се јавуваат на секундарната подземна мрежа. Се работеше и на бетонирање на оштетени кампади на Довод „Моклиште-Ваташа“ при ХС „Бошава“

Се работи и на евидентирање на наводнети и ненаводнети површини.

 

Бетонирање на оштетени кампади на Довод „Моклиште-Ваташа“ при ХС „Бошава“