Во овој период, како и секоја година по завршувањето на наводнителната сезона, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал, Лев магистрален канал, Канал К-37 и Канал ГК-2 од ХМС Тиквеш. Се врши и отстранување на дрвната маса покрај каналот К-37. Во тек се и работите за рехабилитација и модернизација на ПС Марена.

Истовремено со теренските активности, се врши и достава на фактурите за воден надомест до водокорисниците.