Во овој период, како и секоја година помеѓу две наводнителни сезони, во Подружница „Тиквеш“ се врши чистење на каналската мрежа од нанос и вегетација. Така, во тек е рачно и машинско чистење нанос на отворените армирано-бетонски канали: Заеднички магистрален канал, Десен магистрален канал и Лев магистрален канал од ХМС Тиквеш, како и на отворените групни канали К-37 и ГК-2.

Во тек се и работите за одржување и поправка на дефектите на секундарната подземна цевна мрежа.

Истовремено со теренските активности, се работи и на наплата на водениот надомест од водокорисниците.