Вработените од Подружница ,,Свети Николе’’ – Свети Николе во почетокот на месец март продолжија интензивно со активностите на терен, се чистеа бентови и отворен канал од нанос и вегетација во повеќе катастерски општини. За овој период рачно чистење на каналска мрежа се изврши во должина од околу 28640 метри, додека машинско чистење со багер на каналска мрежа се изврши во должина од 20100 мeтри.
Со машина се изврши ископ на дефекти за нивна санација на подземниот систем во КО Мустафино, КО Црнилиште, КО Делисинци, КО Амзабегово, КО Коселери, како и затварање на завршените дефекти.
Се вршеа тековни активности како наплата на воден надомест од водокорисници и расчистување на кругот околу управната зграда и средување на магацинот и помошниот магацински простор.

Во прилог фотографии од работа на терен.