Подружница Црн Дрим-Охрид продолжува со редовно одржување, чистење и санација на каналската мрежа за наводнување (отворена и затворена), со цел навремено и непречено обезбедување на вода до земјоделските површини за претстојната 2024 година.
Кичево
Главен зафат на река Треска, во с. Другово, базенот кај решетките за влез во цевководот.
Рачно се исчисти базенот од наталожениот нанос, вегетација и шут. Со тоа, во текот на сезоната за наводнување, водата ќе има слободен проток и ќе може полесно да се регулира. 

Picture1Picture2Picture3

 

С.Косел
Рачно чистење на канал Рвеник до Капина, и каналот за Црна Муренка, како и чистење и отстранување на нанос и шут од сите прелази долж каналот. 

Picture4Picture5Picture6
С. Мешеишта
Рачно чистење на двата паралелни канали 

Picture7Picture8Picture9Picture10