Llokman LimaniАкционерското друштво Водостопанство на Република Севрена Македонија, во државна сопственост, Скопје доби нов Главен извршен директор. Господинот Локман Љимани е роден во Скопје и има богато образовно и професионално работно искуство. На факултетот за градежништво и архитектура во Приштина се стекнува со диплома Дипломиран инженер на Архитектура, а во 2013 година на Меѓународниот универзитет во Струга, на Факултетот за економски науки станува Магистар по економски науки. Во своето професионално искуство работел внатрешен дизајн и графика во Скопје и во Приштина, како Проектант и реализатор. Во периодот од 2006 до 2018 година работел и како Професор по градежништво и архитектура во СГГУ „Здраво Цветковски“ во Скопје. Една година бил визитинг професор на Факултетот за Архитектура при Универзитетот ФОН. Во ноември 2018 година е избран за Директор на Државниот Инспекторат за Градежништво и Урбанизам и функцијата ја извршува се’ до октомври 2020 година. Во јануари 2022 година е избран за Главен извршен директор на АД„Водостопанство на РСМ“ – Скопје.