Главниот извршен директор на Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост Скопје ја посети општина Арачиново и изрази целосна подготвеност и се приклучи на иницијативата на градоначалникот г.Ридван Ибраими за чистење на отворениот Ободен канал за одводнување, на територијата на општина Арачиново.
„Мојот поранешен професор по Архитектура и извршен директор на Водостопанство, г.Локман Љимани, денеска не почести со присуство на нашата општина. Господин Љимани со институцијата која ја предводи изрази целосна подготвеност и се приклучи на иницијативата на градоначалникот г.Ридван Ибраими за чистење на отворениот канал на територијата на населба Арачиново. Јас сум лично благодарен за покажаната посветеност за подобрување на нашите услови“, напиша Раководителот на секторот за урбанизам во општина Арачиново, г. Фидаи Белули.
Во периодот од 12.02.2022 година до 21.02.2022 година за седум работни дена се исчистени повеќе од 1100 метри од ободниот канал за одводнување во општина Арачиново. Каналот беше обрастен со вегетација и нафрлен шут од несовесни граѓани, а се чистеше машински со машина Гасеничсар Sunward. Наносниот материјал и шутот се изнесуваше од каналот со камион. Со ова чистење ќе се обезбеди нормален проток на вода во каналот за одводнување.