Во согласност со Годишната програма за работа, во рамките на Подружница „Радовишко поле“ –Радовиш, започнати се активности на терен за подготовка на Системот за наводнување за предстојната Сезона за наводнување 2022 година. Од почетокот на февруари, во зависност од временските услови се започна со расчистување на Главните отворени бетонски канали ( Лев и Десен магистрален канал) кои се во вкупна должина од околу 40 км. Каналите редовно, секоја година се чистат внатрешно од нанос, мов, ѓубре, како и надворешно од грмушки, џбунови и друга нискорастечка веѓетација. Последните денови во месец февруари и на почетокот од месец март имавше и акција за сечење на самоникнати дрвја кои се сраснати непосредно на бетонот на кампадите од отворените канали ( Десен магистрален канал на потегот помеѓу с.Војславци и с.Сулдурци).