Во периодот од 14 до 18 март 2022 година, подружница Тиквеш – Кавадарци продолжи со сите потребни дејствија за редовно одржување и подготвување на објектите и инфраструктурата за наводнување за претстојната сезона 2022 година.

Се вршеше кастрење на нискостеблеста вегетација и трева долж магистралните и групните отворени бетонски канали, како и на експлоатационите патишта покрај каналите. Се работеше и на чистење на каналите од нанос, рачно и машински, како што налагаа теренските услови.

Истовремено со работите на отворената каналска мрежа, се работеше и на отстранување на дефектите на секундарната мрежа од затворени цевоводи.

Чистење од нанос и вегетација на групен канал К-2 (кај Дрекслмајер)