светски ден на водата Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет.

Водата е во основата на одржливиот развој и е клучот за социо-економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот. Тоа е од витално значење за намалување на глобалното оптоварување со болести и подобрување на здравјето, благосостојбата и продуктивноста на населението.

22 Март, од 1993-та со одлука на ООН се одбележува како Светски ден на водата.
Основен фокус на Светскиот ден на водата е да се поддржи постигнувањето на Целта за одржлив развој (SDG) 6: вода и санитација за сите до 2030-та година.
Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.
2022 година е посветена на подземните води:
„Подземните води се невидливи, но нивното влијание е видливо насекаде;
Надвор од очите, под нашите нозе, подземните води се скриено богатство што ги збогатува нашите животи;
Речиси целата течна слатка вода во светот е подземна вода;
Како што климатските промени се влошуваат, подземните води ќе стануваат се покритични;
Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. Подземните води можеби се надвор од видното поле, но не смеат да бидат надвор од умот,“ – е мотото за Светскиот ден на водите 2022 година.
Да ја вреднуваме и цениме водата!