На ден 23.03.2022 година, се одржа работен состанок на кој присуствуваа Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, г-дин Милан Предан, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски и Главниот Извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, г-дин Локман Љимани.

Главна тема на состанокот беше идна реализација на проекти поврзани со користењето на водите како многу важен и значаен ресурс. Ресурс, кој е во основата на одржливиот развој и е клучот за економскиот развој, здравите екосистеми и за самиот опстанок на човекот. 

„Работен состанок за реализација на проекти поврзани со користење на водите како ресурс, во духот на традиционалните пријателски односи со Р. Словенија... Амбасадор на Р.Словенија во Македонија - г-дин Милан Предан, Министерот за „Земјоделство, шумарство и водостопанство“ - г-дин Љупчо Николовски и Извршен директор на „Водостопанство“ г-дин Локман Љимани“ – објави Денис Јонуз, Шеф на кабинет на Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, Локман Љимани.

Raboten sostanok