Подружница Црн Дрим - Охрид, во периодот од 17.03.2022-25.03.2022 година, продолжи со чистење на каналската мрежа за наводнување, односно се вршеше рачно чистење на отворен земјен канал во с.Косел. Тоа е браздата за Црна Муренка, од која се отстрануваше нанос, суви лисја и треви, пластични шишиња и други видови на отпадоци и ѓубре кои ги затрупуваат каналите, односно браздите.

12

 

Во с.Велмеј, од нанос и разна вегетација рачно се чисти браздата во местото викано Кокошино Гориче.
Во с.Издеглавје се исчисти каналот од зафатот до цевката под патот за во селото (до полицијата), дел отворен земјен, и поголемиот дел со бетонски плочи.

34

Во општина Кичево исто се исчисти и продлабочи браздата во с.Србјани, во место викано Ајбук.

56