ISRSM1 NASLOVNAГлавниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“, г-дин Локман Љимани и директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара, на ден 31.03.2022 година потпишаа пристапница за членство во Институт за стандардизација на Република Северна Македонија.
Потребата за водата како составен дел за животот и здравјето на луѓето како и потребата во земјоделието, се основните приоритети на нашето претпријатие чија основна дејност е користење, одржување и стопанисување со системите за наводнување и одводнување во целина, снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода за конзумирање од страна на човекот, вода за пиење и други потреби, снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби, вклучувајќи го и производството на електрична енергија, уредување на речни корита, одводнување на земјиште и одведување на испуштени води.
Станувајќи член на Инситутот за стандардизација на Република Северна Македонија, Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, дава свој допринос и заложба за квалитетна и здрава животна средина и стандардизација како наша цел, но и заложба за вклучување во работата на ИСРСМ ТК 9-Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици и ТК 17- Квалитет на воздух и вода.