Во периодот од 28.03.2022 до 01.04.2022 година продолжи теренската работа на вработените во Подружница Радовишко Поле. Последната недела од месец март се искористи за рачно чистење на отворената каналска мрежа и при тоа беа исчистени: На Десен главен канал вкупно 1240 метри и на Лев главен канал исчистени вкупно 850 метри.