Во периодот од 04.04.2022 до 08.04.2022 година, вработените во Подружница Радовишко Поле - Радовиш продолжија со чистењето на отворените канали. На Десен главен канал вклучени беа четири работници кои исчистија вкупно 1300м, а на Лев главен канал работеа тројца работници кои исчистија 900м. За горе наведениот период вкупно беа исчистени 2200 метри отворена каналска мрежа.