АД "Водостопанство на РСМ" - Скопје

   

Календар на активности
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

6Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г.Љупчо Николовски и Главниот извршен директор на АД „Водостопанство на РСМ“ – Скопје, г.Локман Љимани, официјално го означија стартот на сезоната за наводнување 2022 година, во Брегалница – Кочани.
Акционерското друштво Водостопанство на Република Северна Македонија веднаш по завршувањето на сезоната за наводнување во 2021 година, се фокусираше на реконструкција на одредени системи како и чистење на каналите за наводнување со цел навремена и успешна сезона за наводнување 2022 година.
„Во моментот вкупната количина на вода во Акумулацијата Калиманци е околу 114 милиони м3, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекуваме таа и да се зголеми. Брана Гратче има акумулирана вода од околу 2 милиони м3. Ова количина на вода е сосема доволна за успешно завршување на сезоната за наводнување 2022 година.
Сакам да напоменам дека со целосна посветеност на вработените во Подружница Брегалница – Кочани рачно и со сопствена механизација беа исчистени повеќе од 200 км земјени канали, а на Десниот магистрален канал беше извршена навремена санација на сите места каде имаше паднати кампади.
На 13ти април започна наводнувањето во Зрновци од Зрновска река (што може да се види од полињата позади нас), вчера, на 15ти април започна наводнувањето во Кочани од Кочанска река и истото ќе продолжи сукцесивно согласно планот за наводнување изготвен од Подружница Брегалница – Кочани. Во понеделник ќе се пушта вода во Гумена преграда на река Брегалница во Катастарска општина Грдовци, на 19ти во Прибачево, на 20ти април во Оризари и така натаму според договорот на водоскорисниците по делници. Очекуваме да бидат наводнети повеќе од четири илјади хектари ориз и околу илјада хектари останати култури од страна на повеќе од 8 илјади водокорисници“, изјави директорот на Водостопанство, г.Локман Љимани.
Тој додаде дека верува дека сезоната за наводнување 2022 година ќе заврши успешно и им посака успешна сеидба на сите земјоделци од Брегалничкиот регион.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Љупчо Николовски во својата изјава за медиумите додаде:
„Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција. Токму од хидросистемот Брегалница каде денеска лично дојдов да извршам увид, ја започнуваме сезоната за предвремено наводнување низ целата територија на државата.

Со финансиска поддршка од ЕУпреку ИПА фондовите продолжуваме со изградба во Конопица Пишица Тераце, Славишко Поле. Одобрени се и два капитални проекти во Сопот и Новаци.
Минатата година финиширавме со втора фаза наЈужно Вардарска долина, а целосно е завршена Чаушица. Дополнително работиме и на хидросистемот Лисиче кој обезбедува наводнување за 3700 хектари обработлива површина, браната Конско и Равен Речица.
Продолжуваме со реализација на капиталните проекти кои се од суштинско значење за земјоделците и за зголемување на домашното производство, изјави министерот Николовски.

 

   

Користиме колачиња (cookies)
Ние користиме колачиња на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата.